27.12.2020

Во македонско село има ваква куќичка на дрво која можете приватно да ја резервирате

Во македонско село има ваква куќичка на дрво која можете приватно да ја резервирате

Последните денови од 2020-та година ги заокружуваме со четивата кои најмногу се пребаруваа на Кајак.мк

Прочитајте ја приказната објавена во август. Поради фактот дека Тамара и Душан се родители на мали деца, побараа да не објавувме контакти од нив се додека не се стави крај на пандемијата со Ковид-19. Затоа би ве замолиле да уживате во текстот, а во некои подобри времиња секако и да ја посетите.

Запознајте се со Тамара и Душан кои се вистински ентузијасти. Како што и претходно објавувавме Кајак.мк има цел да ги промовира ситниците коишто прават многу во развојот на домашниот туризам. Нашиот агрегат освен тоа што ги додава понудите на сите туристички агенции, атракции и приватни сместувања, разговата и со сопствениците на некои мали нешта коишто прават многу во развојот на туризмот. Таква е и приказната на Тамара и Душан кои изградија куќа на дрво во селото Ранковце кое е одалечено на само 20 километри од Кокино или на час возење од Скопје.

Нивната дрвена куќичка е именувана како „ТриХаус&ТајниХаус“ бидејќи ова за нив има посебно значење. Куќичката започнал да ја гради Душан. Љубовта кон ова хоби го натерала да го вложи своето слободно врмее кон gрадењето на нешто вакво. Подоцна Душан ја запознава неговата идна жена Тамара која му помага во уредувањето и му е целосна поддршка.

Тие велат дека нема да застанат овде, туку напротив има уште многу што треба да се вложи овде. За да се искачите во куќичката имате поставено скала, а има и имтересен момент а тоа е симнувањето или искачувањето по јаже.

Внатре куќичката поседува дневен престој и спална соба како галерија, односно над самоит дневен престој од каде имате фантастичен поглед. Куќата е опколена со прозорци, што ви дава прекрасна дневна светлина и одичен амбиентален момент во текот на ноќта особено кога месечината знае да го направи своето.

Тишината, небото полно со ѕвезди. Според нив многу е важно во кој период од годината се доаѓа. Омилен момент на секој којшто престојувал му се изгрејсонцата и зајдисонцата. Во сместувањето се наоѓа противпожарен апарат, комплет за прва помош, а гостите добиваат и бесплатен паркинг и појадок. Во текот на зимата има греење, а просторијата има и работно катче за лап топ. Нешто што е доста интересно е моментот дека јадењето може да се подготвува на камен.

Тие велат дека постојаните промени кои се случуваат во светото ги примамуваат луѓето да ја намалат површината на просторот во којшто живеат. Луѓето се придружуваат до ваквите општествени движена до повеќе причини, но најбитната е желбата за повеќе време и слобода. Овој „дрвен“ дом кој е отцепен од секојдневната реалност може да се резервира и за ноќевање.

Идеално место за луѓето коишто сакаат барем за миг да заборават на проблемите со работа, на интернетот и динамичното темпо на живеење. Како што ни велат тие, се со цел да ги заштитат патниците од ширењето на коронавирусот, а исто така и да го заштитат своето семејство, во наредниот период ова куќичка нема да биде на издавање.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.