22.02.2022

Шумско домче идеално за месеците кои ни престојат

Шумско домче идеално за месеците кои ни престојат

Тимот на Кајак.мк разговараше со одговорните лица за шумскиот дом Чичко Боро кој се наоѓа во Мала Река на Китка, а кои со години наназад на своите гости им организираат доста активен и уникатен одмор.


За извидничкиот дом „Чичко Боро“ рековме дека е идеално место за престој за време на внежливите денови бидејќи природата во кое е вкопано изобилува со густа шума и многу зеленила, па замислете како уживате со вашето кафе додека го слушате шумот од дождот.

Домот се наоѓа на 35 километри од центарот на Скопје, на планината Китка, Мала Река на 950 метри надморска височина. Природата изобилува со густа шума, а покрај Мала Река која е притока на реката Кадина има многу патеки за хајкинг и планински велосипедизам.


Во извидничкиот дом има место за сместување на 25 до 30 лица во две соби со кревети на спрат, заедничко купатило, комплетно опремена кујна со прибор за јадење и готвење и простор за дневен престој. Домот се загрева со печка на дрва. Најубавиот дел од престојот во Шумско домче е дворот со 1800 м² каде се поставени авантуристичките реквизити како зип-лајн, трамболина, слеклајн, мрежа за одбојка или бадминтон како и место за логорски оган и шатори.


Сигурно се прашувате како може да стигнете до домот? До извидничкиот дом се вози преку селата Долно и Горно Количани. Патот е асфалтиран до Црвена вода, меѓута треба да внимавате бидејќи на места има оштетување на асфалтот. Од Преслап до Мала Река има 9 км земјен широк пат каде е потребно повнимателно возење. Може да се патува со градски автомобил, но ние препорачуваме да се користи високо или теренско возило. До домот се стигнува за 1:30 час со бавно и внимателно возење.


Доколку имате потреба од организиран превоз, дополнително можете да ги контактирате домаќините на објектот за да ви организираат транспорт.

За домот се грижат волонтери од Прв Скопски Извиднички Одред и Здружение за одмор и рекреација „Мала Река“ кои во моментот имаат отворен повик за собирање донации за реконструкција на домот. Повикот за донации можете да го погледнете со еден клик ОВДЕ, додека повеќе инфорамции за сместувањето, фотографии и контакт можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.