13.02.2023

Дали сте слушнале за Леонов Двор: Дестинација каде можете да јавате магариња?

Дали сте слушнале за Леонов Двор: Дестинација каде можете да јавате магариња?

Во Македонија има доста уникатни рурални дестинации, за кои повеќето млади во државата се уште немаат слушнато. Кајак.мк како платформа која добива се поголем замав во државата има една поставена цел, а таа е да им ги презентира сите убавини на Македонија на новите генерации, како би ги поттикнале да бидат туристи во својата татковина.

Ние секогаш го велиме следното: Летниот одмор можете да го искористите надвор од државата, каде и да посакате, но викендите и слободните денови искористете ги за прошетки и престојување во Македонија. Новото мото во 2023-та година ни гласи: Бидете туристи во обувките на локалните жители. Па оттука, да видиме што може да правиме за време на викендите:

Наша нова препорака за уникатно и несекојдневно патување е „Леонов Двор“. Гастро дестинација која се наоѓа во селото Куратица. Идеална дестинација за фамилијарни прошетки, тим-билдинг патувања и престојување.


Оние кои за првпат се соочуваат со селото „Куратица“ треба да знаат дека оваа селце се наоѓа на 20 километри североисточно од Охрид или на 5 километри од самиот пат Охрид- Ресен. Куратица има свои прекрасни предели, а мештаните на селото се особено горди на планинскиот масив Мазатар од каде можете во исто време да ги гледате Охридско и Преспанско езеро. Селцето е сместено на 1080 метри надморска височина, а ние го сакаме поради тоа што успеало низ минатото да ја задржи својата автентична традиција и да ја негува и ужива природата.


Денеска на сред село ќе го најдете леоновиот двор, кое како гастро дестинација нуди одлична можност да побегнете од градскиот метеж и да уживате во традиционалната храна, или можеби пак да појдете на прошетка со магариња.

„Леонов Двор“ има капацитет да нагости 50 лица, а овде може да ги вкусите специјалитетите како ѓомлезе, комат, питулици, но и качамакот или бакрданикот.

Повеќе информации за ресторанот, точна локација и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Зимскиот крај на сезона: 5 незаборавни викенд идеи за март низ Македонија

Планирате викенд во март? Откријте идеи за кратки патувања низ Македонија, уживајте во природа, локални вкусови и автентични места, и резервирајте лесно преку Kajak.mk.

Идеи за викенд патување во Македонија: Откријте уникатни сместувања и резервирајте преку Kajak.mk

Барате идеја за викенд во Македонија? На Kajak.mk откријте уникатни сместувања, планински вили, куќи во природа и апартмани покрај езеро. Резервирајте го вашиот следен викенд одмор лесно и брзо.

5 скриени села во Македонија каде времето застанало

Откријте 5 скриени села во Македонија каде времето застанало. Вруток, Јанче, Лазарополе, Зрзе и Богомила нудат мир, автентична атмосфера и неверојатна природна убавина – идеално за викенд одмор.

Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата

Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата

7 магични полиња и насади во Македонија кои изгледаат како разгледница

Откријте 7 магични полиња и насади во Македонија – од праски во Росоман до лозја во Тиквешија. Совршени сцени за фотографии, прошетки и незаборавни моменти во природа.

10 скриени места во Македонија што вреди да ги посетите

Откријте 10 скриени и необични места во Македонија – пештери, водопади, етнолошки музеи и археолошки локалитети што малкумина ги посетуваат. Идеално за авантуристи и љубители на природата.