17.01.2023
Нашите вина се од грозје кое е одгледувано на органски начин: Без пестициди или вештачки ѓубрива
Нашите вина се од грозје кое е одгледувано на органски начин: Без пестициди или вештачки ѓубрива
Ние во Кајак.мк велиме дека: Aко некој досега не го
пробал виното од сортата „Темјаника“ на Пешков, не ја знае вистинската арома и
вкусот на темјаника!
Денеска сме среќни што винарија „Пешков“ е официјално дел од бакалницата на Кајак.мк и дека виното е достапно за нарачка во секој момент, со еден клик ОВДЕ.

За оние кои првпат се среќаваат со семејната
винарија Пешков, со сигурност ќе ги интересира следното. Оваа винарија се наоѓа
во Кавадарци и има капацитет од 10 000 литри годишно, а виното и маџунот го
произведува исклучиво од сопствено грозје.
Лозовите насади се наоѓаат на надморска височина од 450 метри во селото Ресава и истите зафаќаат површина од околу 3 хектари, не се наводнуваат и имаат намален принос на грозје. Лозовите насади се одгледуваат на органски начин што значи дека на нив не се нанесуваат никакви вештачки ѓубрива и пестициди.

Денеска, винаријата ги негува локалните сорти
грозје како: Темјаниката,
Вранецот и Смедеревката. Производството на вино и одгледувањето на лозовите
насади се сертифицирани од Про Церт.
За производство на виното „Темјаника“ семејството Пешкови грозјето го бераат во раните утрински часови темпертатурата е пониска, со цел да се зачуваат примарните ароми на грозјето. Ферментацијата се одвива во инокс цистерни со контролирана температура. После ферментацијата виното е зреено 3 месеци на сопствен талог. Alc 14%

За Вранец пак, виното е добиено од вранец којшто има редуциран принос од 600 килограми на декар, со шеќерни единици од 26 брикса. Виното е зреено 12 месеци во француски барик буриња, и истото е нефилтрирано и не е бистрено. Alc 15.5%

Што се однесува до маџунот, тој е добиен е од
сортата на грозје вранец со контролирано загревање на ширата. Нема додаток на
шеќер.
Денеска, се што треба да направите е да
нарачате вино од винаријата Пешков, бидејќи како тим кој работи на промоција на
малите бизниси и производители, ви гарантираме дека нема да погрешите. Кликнете
ОВДЕ за да извршите нарачка.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.