12.07.2023
Мала семејна винарија со фокус на органското производство
Мала семејна винарија со фокус на органското производство
Органското одгледување
на грозјето има се поголем замав во Европа, а Македонија како земја која е
позната по виното е во фаза на постепено зголемување на своето производство на
вакво вино кое во моментот држи висока цена на светскиот пазар.
Денеска, тимот на Кајак.мк ќе ве запознае со малата семејна винарија „Захарчев“ која е со седиште во срцето на Кавадарци, а која во моментот произведува вино исклучиво од балкански автохтони сорти грозје кои пак ги одлегува без користење на хемикалии.

Винаријата се наоѓа во Кавадарци, во близина на спортската сала, а регистрирана е во 2020-та година, кога измените на законот за винарии станаа реалност и им овозможија на малите производители конечно ја добија шансата да прераснат во нешто повеќе.

Фамилијата Захарчев отсекогаш проиведувала вино и ракија, а денеска нивото произвоство на вино е исклучиво од балкански автохтони сорти како Станушина, Пловдина, Темјаника, Вранец и Прокупец. Вранецот и Прокупецот покрај класичната верзија го произведуваат и во барикна верзија која стои до 15 месеци во дабови буриња.

Веќе втора година по ред винаријата има органско производство во преод што значи дека нема употреба на пестициди, хербидици и инсектициди при одлегувањето на грозјето.

Од денеска „Захарчев“
е дел од светот на Гастрономија, а локација и контакт од винаријата можете да
најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.