17.12.2022

Изработувам рачни украси и предмети од дрво, нешто кое во Македонија се работи ретко

Изработувам рачни украси и предмети од дрво, нешто кое во Македонија се работи ретко

Бакалницата на Кајак.мк ја добива својата 29-та тезга која нуди уникатни дрвени изработки. Денеска ќе ве запознаеме со Јованче, чии изработки можете да ги погледнете и да ги нарачате со еден клик ОВДЕ.

Јованче има уникатна приказна поради фактот дека тоа што го работи во Македонија е слабо застапено како занает, а може да се каже дека нема нови генерации кои се фокусираат да го држат во живот ваквиот занает.


Роден во 1978 година, велешанецот е гитарист во панк рок бендот Оловна Рестрикција. Со занаетот започнал да се занимава пред 3 години, а како што вели тој, почетоците му биле хоби за исполнување на слободното време.

Во моментот кога неговата сопруга споделува фотографија на социјалните мрежи од негова изработка и по одличната реакција на луѓето, Јованче сваќа дека неговото хоби може да биде многу повеќе од тоа.


Денеска, неговите изработки имаат две улоги. Едната е да поттикнат среќа кај купувачите или кај оние што ќе ги добијат за подарок, а втората е едукативна улога која има цел да едуцира нови генерации за рециклирањето и користењето на веќе постоечки стари предмети.

За да се комплетира една изработка, Јованче користи старо дрво кое според него има добро минато и душа, а исто така користи стари шрафови, рециклиран материјал, бои, лакови и се што ќе му падне на ум дека може да се вклопи во замислената приказна.


Уникатноста ја доловува по тоа што изработките не се сериски изработени и по фактот дека во Македонија има многу мал број луѓе кои се заминаваат со ваквата занаетчиска гранка. Сите изработки се различни, а при нивна изработка често ги зема предвид и барањата на купувачите.

Доколку сакате да ги погледнете изработките на Јованче и да нарачате дел од нив за вас или како подарок за вашите најблиски, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.