14.12.2022
Цело семејство се ангажираме да собереме квалитетни шумски пловоди и да ги преработиме
Цело семејство се ангажираме да собереме квалитетни шумски пловоди и да ги преработиме
Од Тиквешкиот регион, се селиме на беровското поднебје каде ја запознаваме Ирена. Жената која од денеска има своја тезга во бакалницата на Кајак.мк, а која неуморно создава нови вкусови од локалното овошје и билки кои ги нуди регионот на Беровo.
Производите на Ирена можете да ги погледнете и да ги нарачате со еден клик ОВДЕ.

Ирена вели дека е
веќе регистрирана во агенцијата за храна и ветеринарство и дека веќе може да ги
продава своите производи како мал производител до врата.
За Кајак.мк раскажува дека со ова се занимава веќе 7 години, а случајно започнува по мотивацијата која и ја пружат групите жени на социјалните мрежи. Започнала да произведува разни сирупи од глуварчиња, боров сируп, а подоцна започнува и со сокови од разни свежи овошја без додавање вештачки ароми, бои и конзерванси.

Таа вели дека постојано учи и дека сака постојано да експериментира. Од оваа година започнала и со производство на различни видови слатко, мармалад и џемови.

За билките вели
дека ги собира сама со помош од нејзиниот маж, а и помагаат и нејзините деца и сета
фамилија. Неодамна купиле куќа на крај на селото во кое што живеат и таму
имаат во план да отворат своја сопствена работилница според Хасап систем.
На смеа вели дека
кога работат со децата кои и се многу мали често нема ни време да ги фотографира.
Производите на Ирена
можете да ги нарачате преку бакалницата на Кајак.мк или со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.