11.08.2022

Сместување во облаците: Посетете го „Старо Село“

Сместување во облаците: Посетете го „Старо Село“

Понекогаш на нашите четива им додаваме наслов во зависност од инспирацијата која ни доаѓа додека го пишуваме текстот и ги гледаме фотографиите кои ни ги испраќаат домаќините.

Но нашите наслови соодвестуваат со сместувањата, бидејќи навистина можете да го доловите тоа чувство кое сакаме да ви го потенцираме.

Денеска ве запознаваме со уште едно ново сместување кое е дел од базата на Кајак.мк, а кое се наоѓа во уникатното планинско селце „Старо Село“. За оние кои не слушнале за Старо Село, еве збор два повеќе за него:


Селото се наоѓа во северниот дел на областа Долни Полог, оддалечено 25 километри северно од Тетово. Западно од селото се издига Шар Планина. Она што го прави уникатно селото е надморската висина и одличната поставеност која му овозможува прекрасен поглед кон котлината. Селото е на околу 1000 метри надморска височина, а во денови кога маглата се спушта во котлината, вие имате чувство како да престојувате во облаците.


Домаќинот Зоран кој ни отвори вратите за светот на Кајак.мк вели патот до самото село поминува низ прекрасна природа, каде покрај историските факти за селото, вие имате можност да уживате во еден природен музеј.


Селото го посетуваат доста планинарски групи и здруженија бидејќи се наоѓа на еден од патиштата кои водат до врвот Љуботен. Многу од групите можете да сретнете на самата селска спомен чешма „Братство и единство“.


За оние кои не се доволно физички активни планинари или оние кои имаат во план да отпочнат со планинарење, совет од тимот на Кајак.мк е да го посети селцето каде ќе запознае доста планинари, а ќе може да ги користи и околните патеки за прошетка низ шумата.

Доколку сакате повеќе информации и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците

Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.

Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна

Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.

Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот

Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?

Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации

Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.

Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф

Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.