03.11.2022

Јавање коњи во дивините на Македонија

Јавање коњи во дивините на Македонија

Ако некогаш сте помислиле дека сте искусиле сѐ, сетете сѐ дека треба да пребарате на платформата на Кајак.мк за нови предлог атракции кои можеби ќе ја променат вашата перцепција за тоа како ја доживувате Македонија.

На Кајак.мк можете да запознаете секакви луѓе, млади, повозрасни, весели, палави, авантуристи, професионалци, смирени луѓе кои ја бараат тишината или пак луѓе кои ја креваат прашината. Сите луѓе кои секојдневно ги апсорбираме на платформата живеат со истата цел и визија, а тоа е Македонија да прерасне во туристичка приказна каде активниот туризам и поддршката на локалното население од страна на туристите ќе биде на прво место.


Ние сме луѓе кои постојано сме во потрага по локалците кои за нас прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот. Таквите луѓе нам ни даваат надеж дека Македонија ќе биде тоа што заслужува.


Денеска, сакаме да ве запознаеме со Дурсим Рушани од село Бозовце, кој за нас е уште еден од луѓето кои праваат мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот.

Дурсим е водич и организатор на коњичкиот клуб „Бозовца“ кој веќе подолго време организира тури низ дивината на Шара, а преку кои тури можете да ги погледнете сите природни убавини на големата планина, како и да вкусите традиционална локална храна.


Дурсим вели дека клубот располага до 15 до 20 коњи. Во сезоната се организират три тури низ Шара, кои некои се пократки, а некои се подолги тури.

Една од дестинациите кои се посетуваат за време на турите со коњи е Лешница или како што многумина ја нарекуваат, оазата или срцето на Шар планина. Оваа дестинација до пред пандемијата беше позната за малкумина, но денеска може да се сретне поголем број на активни туристи кои ја посетуваат. Сместена е длабоково пазувите на планинскиот масив и е преполна со бујни ичисти планински реки, бучни водопади, стрмни падини и густа шума.


Оние кои ќе се одлучат да ја посетат Лешница ќе може ги фотографираат Кривошијскиот водопад, како и прочуените Кривошијски кади за кои сме пишувале на Кајак.мк

Ваквите тури може да ви бидат од огомно едукативно значење, затоа доколку сакате повеќе информации и контакт за резервација на некоја од турите, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.