Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк

Тим билдинг во Берово

Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк

Ако некој ви рече дека во Берово нема што да правите доколку појдете како група или колегијално од работа на тим-билдинг, тогаш многу, ама многу грешат или ве лажат!

Тимот на Кајак.мк ќе ви раскаже дека со нас како организатори, Берово може да биде дестинација која ќе ви понуди време исполнето со многу адреналин, активности во природа, вкусна храна и уживање во апсолутна приватност.

Изминатиот викенд, Кајак Агенција имаше можност да биде организатор на еднодневен тим-билдинг на компанијата Flutter International (ex. Singular).

Не би должеле многу да ви објаснуваме детално за нашата авантура, бидејќи фотографиите кои ги имате во самото четиво говорат многу, но дефинитивно би ви рекле дека денот ни беше исполнет со јавање коњи низ прекрасната беровска шума.

Имавме организирано натпревар во стрелаштво и пукање со воздушна пушка, а го посетивме и најдоброто беровско семејство кое ги произведува најдобрите локални специјалитети од беровските билки кои ги дарува природата.

Денот го комплетиравме со највкусната трпеза – микс од беровски локални специјалитети, вкусна храна и пикник трпеза во природа организирана само за групата.

Доколку и вашата компанија сака вакво еднодневно или повеќедневно искуствено доживување и патување кое вклучува организиран превоз, активности, логистика, сместување, храна и забава, тогаш сè што треба е да ни пишете на [email protected] или пак испратете барање со пополнување на формуларот со еден клик ОВДЕ.

Доколку одлучите да ноќевате во Берово, не заборавајте дека ние ја организираме најдобрата забава со логорски оган.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар