16.10.2024
Запознајте ги највредните Македонци: Верка, Миодраг и Драган, кои активно дружат со планината
Запознајте ги највредните Македонци: Верка, Миодраг и Драган, кои активно дружат со планината
Пред да коментирате за нашиот наслов дека познавате луѓе кои можеби се повредни од Верка, Миодраг и Драган, тимот на Кајак.мк сака да ви потенцира дека насловот е поставен како таков, се со цел да ве запознае со тешките моменти во животите на многу македонци кои судбината ги натерала да отпочнат со макотрпна работа која ќе им го промени животот.

Нашите приказни
имаат цел да ги мотивираат младите во Македонија, а да ги поддржат возрасните
кои произведуваат уникатни нешта кои вреди да ги искусите.
Денеска, ве водиме во село Герман, каде на надморска височина од 1300 метри, уште во раните деведесети години започнува да се пишува приказната на Верка, Миодраг и Драган, луѓе кои му пркосиле на лошото утро и отпочнале да го живеат животот на село со полно срце.

Во светот на Кајак.мк овие луѓе ги нарекуваме локални херои кои се посветиле на одгледувањето и производство на локална храна за која денеска зборуваат многу нивни верни купувачи.
Нивната приказна започнува уште во 90-тите години во село Герман, каде со сплотени сили започнуваат со садење овоштарници и зеленчук, одгледување на кози, зајци, свињи и правење на сирења, урди, кокошки, собирање печурки, чаеви, па се до производство на домашни мармалади, компоти и зимници.

Сето ова, тројцата
го работат за да обезбедат финансии за своите внуци, нешто кое претставувало и
единствениот начин кој во тоа време можело да им обезбеди финансии.
Со тек на времето, овде си создале свое катче и свој спокој кој го немало на друго место. Како минало времето, така доаѓале до сознание дека мармаладот од шипинки е производ кој го произведуваат со доста висок квалитет и дека нивните муштерии најмногу се интересирале за негово купување.

Денеска, нивниот
живот е исполнет со секојдневни активности во производство на мармаладот од шипинки,
за кој знаеме дека го има најмакотрпниот процес на производство.
Вера вели дека процесот низ кој треба да помине шипинката за да заврши во тегла која ќе ги задоволи апетитите на купувачот започнува од самата берба. Шипинките кои ги користат за мармаладот се локални, најголем дел од селото Герман и околината каде што одат на прошетка. За нив, најважно е шипинките да бидат природни и да не бидат допрени од човечка рака, што значи да не се прскани или одгледувани. Бидејќи како што додава Вера, најважно е да се користи моќта на природата.

Промените на климата ја отежнуваат бербата на шипинките, вели Вера. Има денови кога се потребни километри пешачење за да се најде дива, свежа, убава и крупна шипинка. Тоа е можеби главната причина поради која квалитетниот мармалад од природни шипинки станува реткост во цела држава.

Тимот на Кајак.мк
од самото постоење како платформа им ја дава сета поддршка на ваквите локални
херои, затоа на нашето прашање за тоа во кој период од годината е најдобро да
се купи овој мармалад од шипинки, Вера ни одговори дека најпогодно време за
нарачка на истиот е на есен, кога се берат шипинките и се започнува со
подготовка и правење на мармалад.
Ние наскоро ќе го додадеме мармаладот во нашата бакалница,
но дотогаш, можете слободно да стапите во контакт на бројот: 075/271-989
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
5 скриени села во Македонија каде времето застанало
Откријте 5 скриени села во Македонија каде времето застанало. Вруток, Јанче, Лазарополе, Зрзе и Богомила нудат мир, автентична атмосфера и неверојатна природна убавина – идеално за викенд одмор.
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
7 магични полиња и насади во Македонија кои изгледаат како разгледница
Откријте 7 магични полиња и насади во Македонија – од праски во Росоман до лозја во Тиквешија. Совршени сцени за фотографии, прошетки и незаборавни моменти во природа.
10 скриени места во Македонија што вреди да ги посетите
Откријте 10 скриени и необични места во Македонија – пештери, водопади, етнолошки музеи и археолошки локалитети што малкумина ги посетуваат. Идеално за авантуристи и љубители на природата.
Активен и авантуристички туризам 2026: Зошто „Sweat Jetting“ ја води туристичката сцена
Откријте зошто глобалниот тренд „Sweat Jetting“ ги менува патувањата во 2026! Активен туризам, авантуристички тури, кајак, трекинг и фитнес патувања за авантуристи.
Предлог пролетни сместувања во Македонија
Предлог пролетни сместувања во Македонија на Кајак.мк