30.01.2025
Започнуваме со реализација на најдобрите тури со коњи во битолскиот крај
Започнуваме со реализација на најдобрите тури со коњи во битолскиот крај
Тимот на Кајак.мк со полна пареа работи на промоција на новите уникатни тури кои ќе се реализираат од 2025-та година!
Денеска, ве водиме во битолскиот крај, односно во село Кравари, каде се наоѓа новиот ранч за коњи „Кјк Букефал“. Опколен со прекрасна природа и на мирна локација, ранчот не нуди само атракција за јавање, туку нуди спокој и бегство од градскиот хаос и работниот стрес. Ранчот го оддржува професионален тим составен од 5 членови кои од професионални јавачи, фотографи до едукатори, ги едуцираат и анимираат гостите кои доаѓаат овде.
| Доколку сакате да ги погледнете и резервирате турите кликнете ОВДЕ. |

Но што е тоа што нам во Кајак.мк нѐ прави среќни?
Тоа е информацијата дека турите со коњи ќе им овозможат на сите туристи да ги посетат прекрасните планински села како што се Смолево, Велушина, Бистрица. Ќе им овозможи на туристите за првпат да јаваат на Пелистер, каде ќе имаат можност да ги посетат прекрасните манастири, да запознаат многу локални мештани и да вкусат домашна традицијална храна, што можеме да потврдиме дека ова е дефинитивно вашиот нов „Повик од дивината“.

Ранчот во моментот располага со 6 питоми и обучени коњи кои може да ги јават почетници и искусни јавачи. Што значи дека засега групите јавачи може да бидат максимум до 5 лица. Ранчот има доста млади ждребиња кои “го печат“ занаетот за веќе од наредната година да бидат на располагање на туристите.

Тимот на „Букефал“ вели дека го одбрале селото Кравари како локација за отварање на ранчот поради блискоста до Битола која е 5 километри, а исто така, селото изобилува со големи живописни ливади кои се погодни за добар тренинг на коњите преку цела година. Кравари има авентичен селски мир и спокој. Турите со коњи не би биле комплетни доколку не се вклучи локалната традиционална храна, па оттука домашните пити, локалното сирење и зеленчук се неизбежен дел од турите.

За оние кои размислуваат
дали да резервираат една ваква тура, треба да имаат предвид дека секој
посетител добива обука пред тргнување, а во турите е вклучено професионално
фотографирање и преведувач на англиски јазик доколку станува збор за странски
туристи.
Доколку сакате да
прочитате повеќе детали за турите и да стапите во контакт за резервација на
турата, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.
Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк
Тим билдинг во Берово којшто го органзира Кајак.мк е искуство кое се памети. Кој и да ви рече дека во Берово е здодевно и нема што да се прави, треба да знаете дека или ве лаже или ви љубомори :)