05.05.2025
Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!
Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!
Тимот на Кајак.мк е среќен што конечно започнува една нова уникатна приказна во потрага по македонски тартуфи! Овојпат по цена достапна за сечиј џеб, а која тура дефинитивно ќе ви овозможи еднодневно поинакво доживување.
Кајак.мк ве води во регионот на планината Перен, Крива Паланка и околината на Куманово, каде низ прекрасен шумски предел вие ќе имате можност да се дружите со нашиот локален водич и неговите две дресирани кучиња Артур и Ава, кои се од познатата италијанска раса Lagotto Romagnolo, а кои важат за најдобри ловци на тартуфи.
| Цените на турите можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ. | 

Антонио е млад и амбициозен ловец на тартуфи кои ги знае
сите информации за секој вид на тартуф, знае добро да ве запознае и информира
со разни тартуфи, нивниот начин на конзумација, чување и користење. Потекнува
од семејство кое повеќе од 50 години се занимава со пронаоѓање на разни видови
печурки. Ваквата љубов кон печурките ја добива од неговото семејство, со што му
се раѓа идејата да започне со организација на тартуфи.
Неговите две кучиња се неговите секојдневни пријатели кои се дресирани да пронаоѓаат секаков вид на тартуф во текот на цела година.

Секој кој ќе се одлучи за да резервира една ваква тура треба да знае дека уникатноста во турата е тоа што уживате шетајќи во природа заедно со кучињата кои трагаат пред вас, но треба да знете дека не секогаш може да се пронајде тартуф, или како што постарите велат- Да се пронаоѓаше тартуфот лесно немаше цената на црниот тартуф по килограм да достигнува цена и од 600 евра. Без разлика дали би ја имале таа среќа да пронајдете тартуф, деустацијата и вкусувањето на свеж тартуф ви се секогаш достапни во турите.

НА РАСПОЛАГАЊЕ СЕ ДВЕ ТУРИ КОИ МОЖЕТЕ ДА ГИ РЕЗЕРВИРАТЕ:
-ПРВАТА
ТУРА Е ВО РЕГИОНОТ НА КУМАНОВО:
Стартната локација се договара со водичот кој ве чека на алсфатен пат во
околината на Куманово, до каде можете да пристигнете со секакво возило.
Турата започнува од асфалтен пат, па продолжува низ шумата каде се трага по
тартуф заедно со водичот и кучињата. За време на трагањето водичот ќе ви
раскаже се за тартуфите, за начинот на пронаоѓање, дресирање на кучиња. Откако
ќе заврши турата вие ќе дегустирате разни производи кои ги произведува семејството
како мед со тартуф кој се користи како додаток на овошни салати. Исто така ќе имате
можност да дегустирате ракија со тартуфи. Вклучена е и дегустација на свеж
тартуф. Ова тура трае околу 4 часа.
-ВТОРАТА ТУРА Е ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА НА ПЕРЕН ПЛАНИНА
Турата стартува од асфалтен пат до каде може да пристигнете со секаков тип на
возило. Водичот ве чека на локацијата и ве презема со 4x4 теренско возило каде заедно со
кучињата ве води на надморска височина од 700 метри на планината Перен. Се
пристинува во викендица на планината каде имате кратка пауза, па стартувате со ловот
на тартуфи. По завршувањето на ловот се враќате назад во викендицата каде имате
организирано пикник ручек со локални специјалитети со тартуф и ракија. По
завршувањето со ручекот се враќате назад кон стартната локација. Ова тура може
да ја резервираат од 2 до 4 лица. Доколку бројката е поголема од 4 лица,
транспортот ќе се изврши со повторно враќање на дел од гостите.
Доколку сакате да ги погледнете цените на турите и да
извршите резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
					Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство
Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.
					Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?
Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.
					Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период
За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.
					10 идеи за поинаков викенд во Македонија: активности што прават разлика
10 идеи за поинаков викенд во Македонија. Викенд активности, волонтирање, екологија и добри дела што создаваат позитивна промена во заедницата. Инспирирајте се и направете нешто убаво овој викенд.
					Автентични приказни од Македонија – гласот на локалците што градат туризам
Приказните на локалните домаќини се срцето на туризмот во Македонија. Kajak.mk ги повикува сите што создаваат со љубов да ни ја испратат својата приказна и да ја споделат со светот.
					Како да ги искористите последните сончеви денови во Македонија
Македонија во есен. Искористете ги последните сончеви денови за патување, природа и тишина. Kajak.mk ви предлага каде да го почувствувате најубавото од сезоната.