16.12.2024

За првпат во Македонија: Се отвори Комитски Конак во село Плешенци

За првпат во Македонија: Се отвори Комитски Конак во село Плешенци

Дали некој од вас слушнал за село Плешенци или Плешанци во околината на Пробиштип? Претпоставуваме оние коишто се од тој крај на Македонија слушнале, а останатите за првпат се запознаваат со овој поим.


Фото: Kiril Simeonovski 

Без разлика дали го знаевте селото или првпат го запознавате, на сите би ви била интересна и уникатна веста дека токму во ова селце се отвори нов уникатен комплекс наречен „Комитски Конак“ кој својот ентериер, уредување и концепт го посветува на комитската приказна и на македонската историја.

Конакот има соби со џакузи и сауна, за резервација кликнете ОВДЕ.

Среќни сме што Кајак.мк ви отвара уште една селска дестинација која мора да ја посетите, да го истражете пределот и да уживате во уникатноста на просториите на конакот.


Самиот конак располага со свој ресторан, соба со билјард, фитнес клуб и конференциска сала со капацитет за 30 гости. Конакот има апартмани со џакузи и сауна, а самиот регион во кој се наоѓа конакот ви нуди доста локални атракции за посета како што се Манастирот Св. Петка, Манастирот Св. Гаврил Лесновски, есерото Кнежево, а да не заборавиме да потенцираме дека самиот предел претставува природна воздушна бања и регион со мирна и чиста рурална средина.


За оние кои ќе сакаат да истражуваат повеќе, треба да имаат на ум дека во близина се Лесново и Кратово, како интересни туристички дестинации за еднодневна посета. Повеќе информации, фотографии, како и опција за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.