23.04.2025

Во Валандовскиот крај се развива нова туристичка гастрономска приказна

Во Валандовскиот крај се развива нова туристичка гастрономска приказна

Кајак.мк секогаш истражува онаку каде што недостасува! Ние во Кајак.мк настојуваме да ги промовираме оние предели во Македонија кои не се туристички атрактивни и секако да ви докажеме дека и таму има уникатни атракции кои можете да ги доживеете.

Денеска ве водиме во срцето на валандовскиот регион, поточно во село Пирава, каде климата е медитеранска, а почвата плодна за создавање гастрономски ремек дела.


Такви ремек дела во моментов создава Александар Аврамовски, човекот кој љубовта кон маслинката го поттикнала да засади над 800 дрвца маслинка, а денешниот родот да го претвара во митолошка течност која го носи епитетот како прво македонско бутик ладно цедено маслиново масло.


Александар нѐ пречека во својите производстени погони во Пирава, кои погони ќе бидат отворени за индивидуални посетители од средината на октомври, кога, како што вели тој, ќе ги добие новите залихи на маслиново масло.


ОД ИДЕЈА ДО ЗАНАЕТ

Сѐ започнало во 2008 година, како семејна визија која полека, но сигурно, прерасна во вистинско земјоделско богатство, вели Александар. Денеска на повеќе од 20.000 квадратни метри маслинова градина растат повеќе од 800 маслинови дрвца од сортата Chalkidiki, Ascollana и Picual. Ништо овде не е оставено на случајност: секој лист, секој плод и секој чекор од производството се раководат со страст, знаење и внимание кон деталите.


Семејството Аврамовски има инвестирано во современа технологија и складишта, а во 2024 е набавен врвен млин за ладно цедење кој го поставува стандардот високо – според најстрогите светски критериуми.

Александар вели дека секоја маслинка се бере рачно, а преработката започнува најдоцна 4 часа по бербата, при строго контролирана температура од 24°C што е магична формула за задржување на нутритивните вредности и природниот вкус.


МАСЛИНОВО МАСЛО СО ДУША

Маслото не само што е 100% произведено од сопствени маслинки, туку секоја капка зборува за Македонија – за нејзината почва, нејзиниот дух и нејзините луѓе. Со ниска киселост, богато со антиоксиданти, со боја како злато и вкус кој потсетува на свежо покосена трева и штотуку набрани маслинки – ова масло не е само производ, туку доживување за сите сетила.


Тимот на Кајак.мк ја додава оваа уникатна Olive Garden приказна во категоријата на гастрономски предлози, а како шти и ви споменавме на есен ќе бидат официјално отворени вратите за индивидуални посетители кои ќе може да прошетат низ маслиновата плантажа, да се запознаат со процесот на производство и да го осетат вкусот на валандовскиот крај.

Остави Коментар

Коментари

  • Ангел Пиндеров

    12.08.2025 10:07

    Би било добро доколку има веќе готов производ, да се остави контакт за нарачка. Верувам дека оваа еликсир-гастрономска реалност е вредна да се споделува на Facebook.

Прочитајте повеќе

Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество

Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.

Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи

Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk

Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk

Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.

Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!

Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!

Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам

Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.

Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк

Тим билдинг во Берово којшто го органзира Кајак.мк е искуство кое се памети. Кој и да ви рече дека во Берово е здодевно и нема што да се прави, треба да знаете дека или ве лаже или ви љубомори :)