18.11.2024

Во Македонија се отвори сместување кое ќе ве зароби во планински спокој

Во Македонија се отвори сместување кое ќе ве зароби во планински спокој

Тимот на Кајак.мк постојано истражува и ве запознава со сѐ она што е уникатно во Македонија. Наша цел е да ви докажеме дека ѝ во Македонија има прекрасни дестинации каде треба дефинитивно да престојувате.

Денеска, со сета наша радост, ве водиме во селцето Ехлоец, кое селце е уникатно по тоа што е единственото мијачко село од источната страна на Бистра-Стогово, на надморска височина од околу 1000 метри.

Доколку сакате да резервирате кликнете ОВДЕ.


За луѓето кои сакаат да уживаат во природата, планината, за оние кои сакаат да вкусат локална добро приготвена храна или пак сакаат да ја преселат својата канцеларија во природа, тогаш дефинитивно треба да ја посетат куќарката на планина, која нуди уникатни бунгалови за престој и разни локални специјалитети од нивната кујна.

Домаќините кои ни ги отворија вратите за светот на Кајак.мк велат дека овде може да се најде спокојот, да се наполнат батериите од напорната работна недела или пак да се побегне од градскиот хаос во текот на работната недела.


Опремените бунгалови се иделани за престој во текот на цела недела, затоплени со централно парно греење, пространи и светли.

Што се однесува до ресторанот, во моментот работи за време на викенди е идеален за гости кои сакаат да вкусат традиционална добра храна.

Од специјалитети коишто може да се вкусат во ресторанот се: Гулаш од дивеч со срнечко месо, селско во грне, питулици, качамак или бакардан, овчо сирење од Стогово кое е омилено за сите гости. Наскоро ќе започне да се служи и зимско мени од сушено домашно месо, тавче гравче, селско месо, ќофтиња и слично.


Самиот регион нуди прекрасни планински патеки кои водат до Стогово и до Лазарополе, а самиот комплекс нуди и АТВ мотори, вкупно 4 возила, за кои е потребно и водич за гостите кои не им е познат теренот. АТВ турите ќе може да ги резервирате ОВДЕ.

Кога зборуваме за сместувачкиот капацитет, во моментот на располагање се 2 големи бунгалови, опремени со дневен престој, спална соба, опремни тоалети во секој бунгалов одделно. Бунгаловите имаат заеднички двор кој ви овозможува приватност, а надвор има опремено надворешна кујна која има и фурна на дрва, скара и шпорет.


Капацитeтот за сместување до двата бунгалови е за 9 лица, што може да биде идеално сместување за помали групи или компании кои сакаат да искористат викенд на планина.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии, како и опција за резервација кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.