22.04.2024
Во Македонија постои Плевна која ги нагостува сите со домашна локална храна
Во Македонија постои Плевна која ги нагостува сите со домашна локална храна
Ако низ цел западен свет се бара начин како да се врати локалната, здрава и традиционална храна на трпеза, кај нас во Македонија, тоа за среќа ни е доста сочувано. Каде и да скршнете низ земјава, ќе наидете на угостителства и домаќинства кои го почитуваат домашната, локална и традиционална кујна.

Фотографија: Јане Јосифовски
Денеска, тимот на Кајак.мк ве води на 1100 метри надморска височина во село Куратица, каде своите врати за светот на Кајак.мк ги отворија домаќините Ивана и Горан, за нас нови локални херои кои вешто ја користат македонската плодна почва за обработка и подготовка на разни традиционални специјалитети.

Етно домаќинството „Плевна“, водено од семејството Мицкоски, не е само место каде што може да се одморите од секојдневните обврски, туку е простор каде што секој посетител станува дел од заедницата и животот на село.

Од 2011 година, Ивана и Горан Мицкоски започнуваат со подготовка на разни специјалитети наменети за гости од целиот свет, нудејќи им уникатен увид во автентичниот живот на село. Во „Плевна“, секој гостин е поканет не само да вкуси, туку и да учествува во приготвувањето на традиционални македонски јадења. Ова дава можност за вистинско искуство на учење и размена на културни вредности.
| Ние би рекле: Мотивација од Срцето на Куратица и едно поразлично искуство, кое покрај храна, нуди и разни тури во околината. |
„Плевна“ не е само локална храна, туку и живот исполнет со љубов кон природата и споделување на културно богатство. Возбудливите активности како пешачење со магариња и интеракција со локалното население обезбедуваат автентично искуство кое останува засекогаш во срцата и умовите на туристите.
Овде има разни патеки кои водат до локации од каде се нуди прекрасен поглед кон Охридското Езеро. Домаќините организираат планинарски и лесни пешачки тури. По секоја тура, групата ја очекува богата трпеза, со разни салати, макала, предјадења и главни јадења.

Срцето на домаќинството, котлето на отворен оган, е
централно место за собирање и делење приказни. Секој гостин може да се вклучи
во готвењето, од подготовка на домашен леб, до приготвување на свежа мешана
салата со продукти земени директно од градината.
Културниот туризам во „Плевна“ е повеќе од одмор; тоа е
шанса за поново откривање на традиционалните вредности што сè уште живеат силно
во срцата на оние кои ги чуваат. Посетата во Куратица и домаќинството „Плевна“
е потсетник дека во едноставноста на селскиот живот се кријат најголемите
училишта на човечноста и заедништвото.
Тимот на Кајак.мк започнува со органзиирање на гастро
искуства во Плевна, доколку сакате да искусите една поразлична тура, испратете
ни барање со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.