05.02.2024
Во Македонија има село кое е вистински рај за гурмани
Во Македонија има село кое е вистински рај за гурмани
Нависнато над Охридското Езеро и на 1100 метри надморска височина се наоѓа прекрасното селце Горно Коњско. Одалечноста од 11 километри од центарот на градот Охрид го прави ова селце да биде вистински спокој за многу туристи.

За дел од патувачите,
Горно Коњско важи за една од
подобрите гастро дестинации, земајќи го фактот дека овде може да најдете угостителски објекти кои се
уште ја почитуваат традиционалната подготовка на квалитетна локална храна.
Тимот на Кајак.мк неодамна раскажа за „Тераса Утарна“, „Пирустија Неданоски“, „Bella Casa“ и многу други, а денеска ќе ве прошета до комплекс Минами, кој стациониран на надморска височина од 1100 метри крои квалитетна гастро приказна.

Оние кои веќе го посетиле оваа место со сигурност ќе се согласат дека храната овде има врвен квалитет и одличен вкус. Чистиот планински воздух, пространите ливади, звукот на птиците и прекрасниот панорамски поглед се јаготката на шлагот која ја добиваат гостите.

Ресторанот има капацитет за 100 гости, а наша препорака е да
го посетите во време кога нема национални празници и надвор од екот на
сезоната, како би можеле да уживате во задоволството.
Повеќе фотографии, контакт за резервација како и точна локација
можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Igor j
07.02.2024 18:00
Se e naj naj ama hranata ni kvalitet ni kvantitet.Poveke se etno sadovite od hranata.Poseteno go imam poveke pati i povtorno ke go posetam.Ima prekrasna lokacija.moe mislenje moj komentar.Nemora da se soglasuvate so mene/tie sto go posetile naravno/
-
Vasil Teodosievski
06.02.2024 22:46
Ubaina !!!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.