26.02.2025
Во Македонија има отцепена планинска куќичка во која престојот е уникатен
Во Македонија има отцепена планинска куќичка во која престојот е уникатен
Уште еден одличен пролетен предизвик за сите авантуристи, а особено за семејствата авантуристи кои постојано ги водат своите деца на нови и необични места во Македонија.
| Погледнете брзи детали за сместувањето со еден клик ОВДЕ. |

Денеска тимот на Кајак.мк ве води во село Битуше, на 1000 метри надморска височина, каде во недопрена природа, се гради нова дрвена планинска куќичка, која верувале или не е опремена со се што ви е потребно за еден комфорен одмор. Точно така, овде имате и Wi-Fi, што значи дека слободно можете да ја преселите вашата канцеларија во природа.

Foto: Krumislav Rafajlovski
За сите љубители на ваквиот „Повик на дивината“, можеме да ви потврдиме дека ова сместување ќе ви овозможи еден поразличен викенд, ќе ве ги наполни батериите и ќе ве оттргне од сите хаотични збиднувања во земјата и светот.

Зошто го вели
ова? Затоа што ова сместување се наоѓа во најубавиот предел на Македонија,
опколено со многу природа и шума.
Битуше е село во мијачкиот дел од Македонија. Познато по прекрасната традиција за Водици која е
исполнета со шаренила од македонски народни носии и изворни песни. Самото село за
нас претставува музеј под отворено небо, а целиот регион на националниот парк Маврово
е исполнет со многу важни знаменитости кои дефинтивно ќе ви го исполнат
слободното време. Почнувајќи од Манастирот Св. Јован Бигорски, Рајчица, реката
Радика, Рибничката река, планинските врвови Крќин, леденичкото езеро Локуф,
превкусната локална храна и уште многу други работи кои можат да се искусат за
време на престојот.
Покрај Водици, селото Битуше има своја селска слава која е на Илинден, но од јуни до октомври ова селце е вреди за секој денар вложен во патувањето до тука.

Foto: Zlatko Zlatko
Планинската куќичка која од денеска е дел од светот на Кајак.мк се наоѓа на 800 метри на ширината кај манаситорсниот дел Св. Кирил и Методиј, кој е прекрасен манастирски комплекс и кој заслужува да се посети. Исто така недалеку од манаситрот, во самата шумичка се наоѓа и „Бранова Чешма“.

Foto: Pavle Kostadinov
Куќичката ќе биде
официјално отворена на 01.06.2025, бидејќи преостануваат уште неколку работи да
бидат доуредени, а наскоро ќе имаме објавено уште многу добри пролетни
фотогафии за кои дефинитивно сме сигурни дека ќе ве привлечат повеќе. Располага
со капацитет за 4 лица, односно 2 возрасни и 2 деца, а во моментот се уредува
нејзиниот двор во кој ќе имате можност да поставите шатори и да кампувате, за која
можност ќе пишуваме дополнително.
Повеќе информации
за куќичката можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
5 скриени села во Македонија каде времето застанало
Откријте 5 скриени села во Македонија каде времето застанало. Вруток, Јанче, Лазарополе, Зрзе и Богомила нудат мир, автентична атмосфера и неверојатна природна убавина – идеално за викенд одмор.
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
7 магични полиња и насади во Македонија кои изгледаат како разгледница
Откријте 7 магични полиња и насади во Македонија – од праски во Росоман до лозја во Тиквешија. Совршени сцени за фотографии, прошетки и незаборавни моменти во природа.
10 скриени места во Македонија што вреди да ги посетите
Откријте 10 скриени и необични места во Македонија – пештери, водопади, етнолошки музеи и археолошки локалитети што малкумина ги посетуваат. Идеално за авантуристи и љубители на природата.
Активен и авантуристички туризам 2026: Зошто „Sweat Jetting“ ја води туристичката сцена
Откријте зошто глобалниот тренд „Sweat Jetting“ ги менува патувањата во 2026! Активен туризам, авантуристички тури, кајак, трекинг и фитнес патувања за авантуристи.
Предлог пролетни сместувања во Македонија
Предлог пролетни сместувања во Македонија на Кајак.мк