03.11.2024

Во Демир Капија постои домаќинство каде може да резервирате приватно гастро уживање

Во Демир Капија постои домаќинство каде може да резервирате приватно гастро уживање

Тимот на Кајак.мк ви го претставува новото гастро ќоше кое можете да го резервирате за интимен ручек или вечера и да престојувате во него заедно со вашите блиски роднини или пријатели.

Денеска ве водиме во Демир Капија или како што често милуваме да речеме, една од нашите омилени викенд дестинации во Македонија. А зошто омилени? Затоа што Демир Капија има прекрасен рејлеф за прошетки, локални природни знаменитости, уникатни винарии, клисура, атв тури (наскоро), рафтинг тури и многу гостопримливи домаќини. Сето ова би било залудно наброено, ако нема гостопримлив народ, кој дефинитвно во Демир Капија го има.

Доколку сакате да резервирате престој кликнете ОВДЕ.


Во Демир Капија се наоѓа домаќинството Белови, кое домаќинство е идеална гастро викенд дестинација за оние кои сакаат да уживаат на сончево и топло време под отворено небо и во тревна градина. Засега домаќинството нуди опција за ручек на отворено, а во 2025-та година веќе ќе има и опција за уживање во затворен простор.


Но, Демир Капија има многу сончеви денови и на есен и во зима, што дефинитивно не преставува проблем да се искористи секој зрак за секој залак.


Ние разговаравме со Мирјана и Христијан, кои како домаќини ни потврдија дека овде може да се вкуси најдобрата демиркаписка пита, нешто што е специјалитет на самиот регион. Покрај питата овде е тегнатата пита, пастрмалиите кои се подготвуваат во самото домаќинство со локални намирници, разни салата, сирења и домашни локални вина.

За гостите кои сакаат да уживаат во храната и да го искористат викендот во Демир Капија, треба да имаат предвид дека самото домаќинство има свој сместувачки капацитет. Повеќе информации околу сместувањето можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.