14.05.2026
Вили со базени и простори за настани во Македонија | kajak.mk
Вили со базени и простори за настани во Македонија | kajak.mk
Во последниот период се забележува јасен тренд на зголемена побарувачка за вили со базени и приватни сместувачки капацитети кои овозможуваат организација на настани во поинтимна и флексибилна атмосфера.
Овој сегмент постепено прераснува во една од поуспешните приказни на kajak.mk, каде што понудата се проширува со нови локации и објекти кои нудат повеќе од класично сместување. Станува збор за простори што се прилагодени за приватни прослави, родендени, тим билдинзи и мали корпоративни настани, со акцент на приватност, функционалност и целосно искуство.
Вилите со базени, уредените дворови и дополнителните содржини сѐ почесто се покажуваат како клучен фактор при избор, бидејќи овозможуваат целосна контрола врз амбиентот и динамиката на настанот, без ограничувањата на стандардните хотелски формати.
Со ваквиот развој, оваа категорија се позиционира како важен дел од понудата, каде што сместувањето станува простор за доживување, а не само за престој.
Целосната понуда на вили со базени и сместувања за настани е достапна на kajak.mk.
Доколку постојат објекти кои нудат ваков тип на сместување и сѐ уште не се дел од платформата, истите се добредојдени да се пријават и да бидат вклучени во понудата.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.