12.12.2024

Велешанецот Најдовски гради успешна пчеларска приказна

Велешанецот Најдовски гради успешна пчеларска приказна

Честопати кога пишуваме промотивен текст веќе знаеме кои се тие конкретни податоци кои треба да ги потенцираме за да изградиме една комплетна слика за успехот на одредена личност. Ваквите личности ние на Кајак.мк ги нарекуваме локални херои кој произведуваат мали нешта од огромно значење за развојот на гастро туризмот во Македонија.

Но, кога пишуваме за велешанецот Благојче Најдовски, ни се испреплетуваат многу битни информации, бидејќи неговата животна кариера, љубовта кон земјоделието и животното секојдневие се толку многу испреплетени, што можеме да ви потврдиме дека тој и додека спие-работи.


Гастро караванот на Кајак.мк пристигна во Велес, каде ќе се обиде во кратки црти да ве запознае со Благојче, човекот себе си се претставува како трета генерација пчелари од Велес, а кога зборуваме за иновативни и уникатни медени производи со врвен квалитет, тогаш дефинитивно тој е меѓу првите.

Неговите полици се исполнети со префинети мармалади од шипинки и мед, танела-путер од лешници и мед, мед со шипка и цвекло во прав, и други сопствени ремек дела за кои има добиено доста награди и признанија.


Неговиот пчеларник е позициониран во чистата околина на селото Извор, а „домашната фабрика“ му се наоѓа во Велес. За своите производи вели дека ги произведува со високо додадена вредност наменета за него и неговото семејство, а како такви ги нуди на разни саеми за храна, а како регистриран пчелар истите ги продава на куќен праг или со достава до дома.

Благојче не е сам во бизнисот, со него се неговата сопруга и ќерка, Тања и Елена, кои му помагаат да ги подготви и спакува производите за продажба.


Како искусен земјоделец, повеќе од 20 години има работено во организација поврзана со земјоделието, каде преку разни активности има едуцирано доста производители за тоа како да заработат од своите производи. Благојче има победено на доста натпревари, меѓу кои и натпревар за зелени идеи со идејата за производство на суперпротеинска храна од кобинација на леблебија и трутовски лаври, за која вели дека е уникатен рецепт за исхрана и верува дека е храната на иднината.


Покрај досега наведените производи, тој произведува и чипс од орев, ладно цедено масло од орев и други иновативни производи кои во иднина ќе бидат достапни за нарачки преку платформата на Кајак.мк

Засега доколку сакате да стапите во контакт со Благојче, имате дирекна вибер врска со еден клик ОВДЕ.


Доколку сте љубители на посети на саеми и манифестаци за локални производители на храна, дефинитивно треба да го побарате штандот на Најдовски, бидејќи неговата приказна напишана овде на Кајак и во живо не е иста.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците

Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.

Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна

Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.

Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот

Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?

Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации

Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.

Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф

Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.