30.08.2024
Велешанецот Давор е еден од ретките пирографичари во регионот
Велешанецот Давор е еден од ретките пирографичари во регионот
Тимот на Кајак.мк
продолжува со промоцијата на локалните херои во Македонија, за кои велиме дека
се еден од главните столбови на туризмот. Доколку сакаме туризмот да се движи
во права насока, не смееме да ги изоставиме нивните приказни кои се мали но од
огромно значење во развојот на оваa гранка.
Денеска ве водиме
во градот Велес, каде низ тесните улички се шири миризбата од работилниците на
старите занаети кои со години го одржуваат духот на трпението, волјата и
смиреноста во креирањето на нови ракотворби.
На едно од велешките сокачиња, го запознавме човекот со редок занает на денешнината, а токму тој е нашиот нов локален херој чија приказна заслужува да биде дел од Кајак.мк.

Сакаме да ве
запознаеме со Давор, велешанецот кој успева љубовта кон уметноста и природата да ги
спои во една ретка техника наречена „Пирографија“, која претставува цртање на
дрво со негово горење.
Давор потекнува од Велес и љубовта кон уметноста ја негува уште од детските години. Во историјата на неговото семејство се среќаваат занаетчиството и уметноста во различни облици – од изработка на мебел и предмети од дрво до копаничарство.

Во текот на годините тој успева љубовта кон уметноста и природата да ги спои во една техника која денеска ретко кој ја усовршува на овие простори.
| Во процесот се користат исклучиво суви паднати дрвца |
За Кајак.мк вели
дека со пирографија се занимава од тинејџерските години, како хоби. Тој е
самоук пирограф, кој постепено ги зајакнува своите вештини.
Пред околу две години неговото хоби добива подлабока страст која го поттикнува да започне со поинтензивно усовршување, за денеска, да се изгради во одличен уметник чии дела ќе красат многу простории.

Без разлика што ваквите дела се изработуваат на дрво, Давор вели дека е голем љубител на природата и шумата. Токму поради ваквата конекција чувствува должност да потенцира дека делата се изработуваат на суви дрва, на кои им завршил животниот век. Убавината на пирографијата како професија е тоа што им го продолжува животниот век на сувите дрвца и ги прави да останат живи засекогаш.
| Процес на изработка |
„Процесот започнува со обработка и обликување на дрвото. Најдолго време одзема цртањето и завршува со лакирање и заштита на дрвото, вели тој и додава дека во зависно од темата и димензиите потребно е различно време за изработка, од најмалку три до четиринаесет дена за едно ремек дело.

Давор изработува слики на најразлични теми, а најчесто сликите ги изработува по нарачка. Најголем интерес има од лица кои сакаат да подарат нешто уникатно и ретко. Денеска, работи на проширување на асортманот на производи, така што изработува ноќни ламби и различни украсни предмети.
Дел од неговите дела наскоро ќе бидат достани во Бакалницата на Кајак.мк, дотогаш можете да стапите во директен контакт со Давор на 072/266-889
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Пониква го доби најуникатното сместување досега!
Дрвена планинска куќична на Пониква. Ново место за уникатно засолниште преку Кајак.мк
Зимски активности во Македонија
Откриј зимски активности во Македонија – прошетки, санкање, локална храна и одмор во природа. Погледни ја понудата на kajak.mk.
Резервации во последен момент за Нова година: скриени места што сè уште вреди да се откријат во Македонија
Барате новогодишно сместување во последен момент? Откријте мирни планински куќи, рурални домаќинства и автентични локации во Македонија што нудат вистинска новогодишна атмосфера и флексибилни резервации.
Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово
Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.
Новата година кај локален домаќин: зошто сѐ повеќе патници го избираат ова искуство
Дознајте како локалните домаќини во Македонија ја доживуваат Новата година и зошто престојот кај нив нуди поавтентично, мирно и незаборавно празнично искуство.
Нова година далеку од градската врева
Сè повеќе луѓе ја избираат Новата година надвор од градската бучава. Мир, тишина и простор за вистински почеток на годината.