18.05.2026
Тим билдинг со Proton Mail: АTV авантура, wine hunting и донација на храна во ранчот на Трејси
Тим билдинг со Proton Mail: АTV авантура, wine hunting и донација на храна во ранчот на Трејси
Тимот на Кајак.мк за првпат успешно реализираше уште една
авторска тура и уникатно искуство со локален водич – и тоа токму со вработените
од компанијата Proton Mail.
Овојпат, заедно ја реализиравме нашата авантуристичка Wine Hunting тура, која
донесе многу повеќе од обично тим билдинг дружење.
Во текот на пешачењето низ неколку живописни локации, имавме можност да откриеме и пронајдеме дури 16 шишиња вино, внимателно скриени и избрани од различни мали и големи македонски винарии. Секое вино носеше своја уникатна приказна, автентичност и посебен карактер, а секоја пауза беше можност за дегустација, споделување впечатоци и запознавање со богатството на македонската винска култура.

Многу активности, кои искрено – веќе започнавме намерно да
не ги откриваме во целост :) Многу дружење, забава, музика и моменти кои
остануваат за паметење. Имавме можност да поминеме еден прекрасен сончев ден на
различни локации, да запознаеме многу локалци и уште еднаш да докажеме дека тим
билдинзите можат да имаат многу поголема вредност од самото дружење.
Токму преку овој тим билдинг настан, компанијата Proton Mail донираше храна за цел месец за згрижените кучиња во ранчот на Трејси во Демир Капија. За нас, ова е уште една потврда дека корпоративните настани можат да создаваат реално позитивно влијание во локалните заедници.

Нѐ радува што Кајак.мк како платформа успешно и умешно ги
користи тим билдинг искуствата за да обезбеди директна финансиска поддршка на
локалните мештани кои директно или индиректно се инволвирани во туризмот, но и
да поттикне хуманост таму каде што е најпотребна.
Голема благодарност до Proton Mail за довербата, прекрасната енергија и новото пријателство.
Веруваме дека ова е само почеток на многу нови заеднички приказни.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.