26.02.2025
Со мојот син отворивме фарма за магарици во село Виничани
Со мојот син отворивме фарма за магарици во село Виничани
Нема ништо поубаво на светот од моментот кога родителите ги учат своите деца на работа уште од мали нозе. Да им го пренесат занаетот, да ги едуцираат и ги вклучуваат во сите свои работни обврски, а без притоа да им го одземат детството.
Тимот на Кајак.мк
отсекогаш ги нарекувал ваквите луѓе – „Локални херои“, бидјеќи градењето на темелите
на здравото општество лежи токму тука.
Денеска ве водиме во селото Виничани, каде ќе ви ја раскажеме приказната на семејството Велиновски, кои имаат отворено една уникатна македонска фарма, поразлича од фармите за кои досега сме пишувале.

На оваа фарма не
се одгледуваат овци или крави, туку питоми магариња. Фарма со над 40 магариња која
произведува органско магарешко млеко, именувана како „Фармата на Тео“.
Објектот го гради
Ристо Велиновски, а почетоците на оваа уникатна приказна се од 2019-та година, кога
воедно ги „вдомува“ првите магариња.
Велиновски, вели
дека на почетокот имал мал број магариња, но пасијата и љубовта кон работата го
поттикнале да го зголеми бројот, за денеска да има над 40 магариња.
Начинот на одгледување и чување магариња не е поразличен од начинот на одгледување други домашни животни на фарма. Секое животно на кое ќе му посветиш љубов и вниманите ти возвраќа со исто толкава љубов на негов начин. Исто така, секое животно има свои добри и лоши денови како и луѓето. Но најважно од се е да го сметате животното како дел од своето семејство, за да можете да му ги разберете маките и проблемите.

Најголемата
поддршка во работата Ристо ја добива од својот помал син Teo, со кого можете често да го затекнете и
на саемите за здрава локална храна низ Македонија.
Teo често
оди со својот татко на пасиштата кои се во нивна сопственост, а кои ги користат
за да може магарињата да пасат свежа трева во толата сезона.
Отвореното поле им овозможува на магарињата да се чувствуваат среќно, а доколку животното е среќно и не е под стрест, тогаш и млекото ќе биде поздраво, а кога сме кај млекото, за разлика од кравата, овцата или козата, една магарица дневно може да произведе од 200 до 300 грама млеко, а периодот кога таа дава млеко е од 2 до 3 месеци, во зависност од лактацијата.

Ова млеко за разлика од млекото од кравата, овцата или козата, најчесто се конзумира за подобрување на имунитетот и дишните патишта, но не и за дневна замена на храна. Пред се поради цената која по која се продава на пазарот, но и поради ниската масленост која не ја заситува гладта кај човекот.

Ристо вели дека
Хипократ кој се смета дека е татко на медицината препознал дека магарешкото
млеко може да му помогне многу на човекот од аспект на дишните патишта,
инумитетот, а научно е докажано дека лекува преку 20 болести.
Млекото се
продава како свежо, без обработка на други млечни производи и може да се купи
дирекно од фармата на Велиновски, или пак можете да го нарачате преку
бакалницата на Кајак.мк, со еден клик ОВДЕ.
Оние кои веќе го
испробале овој здрав начин на подобрување на имунитетот го бараат го купуваат
редовно, а другите се уште се запознаваат со млекото.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците
Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.
Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна
Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.
Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот
Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?
Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации
Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.
Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф
Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.