07.04.2024
Скопје доби хотел во кој гостопримството е репер за среќни туристи
Скопје доби хотел во кој гостопримството е репер за среќни туристи
Тимот на Кајак.мк денеска ве води во обиколка на Старата
Скопска Чаршија, каде недалеку од неа се наоѓа хотел Хамбург, кој за дел од скопјани
веќе познато име, а за останатите можеби ова е прво запознавање со хотелот чиј
нов менаџментски тим цели да го изгради во „Најгостопримливиот хотел во
градот“.
| Хотел Хамбург можете да го резервирате преку Кајак.мк, со еден клик ОВДЕ. |

Од 1-ви Април, хотелот Хамбург, официјално стана дел од ЕТА групацијата, кои за Кајак.мк велат дека филозофија од нивното работење е да обезбедат топла и пријателска атмосфера за секој гостин. Целта од менаџирањето на хотелот е да создадат место каде гостите ќе се чувствува како дома, а и каде секој престој ќе биде пријатен и убав.

Со оглед на уникатната локација и посветеноста кон
квалитетот, домаќините веруваат дека хотел Хамбург за кратко време ќе биде
омиленото место на сите гости кои често го посетуваат Скопје.
Хотел Хамбург пред само неколку дена беше домаќин на првата група странски туристи кои го посетија градот. Велат дека најмногу им се допаднала храната за време на појадокот, пространите и чисти соби, како и грижата на хотелскиот тим кон цела група.

Хотелот има извонредна локација. Идеала за секаков вид на
гости. Од луѓе кои доаѓаат да го истражуваат и уживаат градот, до оние кои
доаѓат на бизнис и деловни состаноци.
Локацијата на хотелот е сведок на местото каде што се спојуваат новиот модерен град со Старата Скопска чаршија. На само неколку чекори од хотелот веќе започнува чаршијата, а самото соседство е живописно и динамично, со многу занаетчиски работилници, традиционални ресторани, кафулиња и историски знаменитости.

Хотелот е идеален и за домашни туристи, за луѓе кои доаѓаат
во Скопје поради работни, туристички или други околности. Хотелот има свој
приватен паркинг, пространи и комфорни соби, како и брз интернет.
Хотел Хамбург од денеска е дел од светот на Кајак.мк. Повеќе
информации, фотографии, како и опција за он-лајн резервација можете да најдете
со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување
Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.
Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат
Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.
Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство
Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.
Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?
Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.
Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период
За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.
10 идеи за поинаков викенд во Македонија: активности што прават разлика
10 идеи за поинаков викенд во Македонија. Викенд активности, волонтирање, екологија и добри дела што создаваат позитивна промена во заедницата. Инспирирајте се и направете нешто убаво овој викенд.