16.09.2025

Садиме нови дрвца со секој тим билдинг

Садиме нови дрвца со секој тим билдинг

Во околината на Скопје, компанијата EOS заедно со тимот на Кајак.мк приреди незаборавен еднодневен тим билдинг, на кој присуствуваа 100 вработени. Успеавме да создадеме настан кој понуди уникатна комбинација од едукација, тимска динамика и забава – формула што ја потврди визијата на EOS за преку вакви настани да ги едуцира своите вработени и да ги запознава со нови техники и искуства.


Посебен акцент сакаме да ставиме на нашата активност каде беа пресадени во уникатни керамички саксии вкупно 40 стебла мушмули, со што можеме да изјавиме дека EOS стана првата компанија која засади 40 стебла мушмули на тим билдинг настан. Овој симболичен и креативен чин покажа посветеност кон одржливоста и оригиналниот пристап во тимските активности.

Дел од вработените имаа можност да научат нешто сосема ново – процесот на преработка и пакување билки. Заедно со Марија од BILKILIFE, тие се впуштија во практична работилница која им овозможи директно искуство со уникатни билки и нови знаења.


Еден од највеселите моменти беше несомнено Art With a Twist – креативна активност која токму Кајак.мк ја започна и ја претвори во препознатлив дел од својата програма. Вработените преку боја, четки и мимики создаваа уметнички дела, уживајќи во процесот на креативно изразување.


Вработените имаа можност сами да подготвуваат бургери, уживајќи под сонцето со мирисот на скарата. Настанот беше збогатен со Blueberry Mint Spritz, уникатен коктел создаден исклучиво од македонски продукти, кој внесе свежина и оригиналност во денот.


За крај на денот, како вистинска јаготка на шлагот ни беше забавата со Petar Malinov & Special Selection. Музиката ја крена енергијата на сите и ја претвори вечерта во вистински празник на дружењето.

Ви благодариме EOS што го делите истото мислење со тимот на Кајак.мк, дека секој настан треба да носи нова уникатност и поддршка како за локалните херои, така и за општеството во целина.

Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.