03.12.2024
Производуваме 100% природен сок од преспанска јаболка
Производуваме 100% природен сок од преспанска јаболка
Прво нешто кое ви
паѓа на ум кога ќе се спомне Преспа е јаболкото. Ние во Кајак.мк велиме дека
Царев Двор е изворот на добра и квалитетна јаболка, а дека тоа е така,
раскажува приказната на Никола Џаков, човекот кој произведува 100% природен сок
од преспанска јаболка.
За јаболкото од Преспа сме пишувале доста. Сигурно се сеќавате на приказната на Ана за „Spirit of Prespa“ која дестинација денеска е домаќин на многу странски туристи. Оваа приказна која ќе ја прочитате во продолжение е поразлична од нашите досегашни приказни, бидејќи за првпат пишуваме за македонец кој произведува 100% природен сок од јаболка.

Доколку нѐ прашате за вкусот на сокот, можеме да ви
гарантираме дека ваков сок од јаболко, со сигурност не сте пробале одамна.
Идеален е за деца и возрасни бидејќи не содржи додатни шеќери, нема конзерванси
и нема додадена вода.
Но, пред да
преминеме на опцијата преку која можете да го нарачате сокот, би сакале да ви ја
раскажеме приказната на производителот, следбеник во својата фамилија.
Никола Џаков по
професија е електроинженер, меѓутоа активната работа на семејните насади го
поттикнува неговото “хоби“ да прерасне во примарна дејност и професија со која
ќе се занимава секојдневно.
За Кајак.мк вели дека на овоштарникот е од кога памети за себе, учел од неговиот татко, дедо, неговите блиски роднини и семејни пријатели кои сето свое искуство му го преточиле за денеска, да го преземе во свои раце одгледувањето на јаболкото.

Секој стекнат “занает“
носи свое уживање но и свои обврски. На денешно време одледувањето на јаболката
може да биде вистинска пасија, а може да биде и стрес, кога станува збор за
продажбата и откупот на јаболкото. Сите сме доволно запознаени со проблематичната
откупна цена која не им овозможува достоинствена заработка на производителите.
Токму ниската
откупна цена го поттикнува Никола да отпочне една нова приказна во производство
на природен сок од јаболка под брендот „Сок од Царев Двор“.
Никола вели дека минатата година започнале со производство и тестирање на сокот, како и анализирање на рокот на конзумација, а од годинава започнале и со негова продажба.

Денеска,
„Домашното цедено јаболко“ од Царев Двор има свој ланец на производство. Никола
вели дека доколку треба да се направи споредба помеѓу продажба на сурово
јаболко и продажбата на сокот од јаболко, дефинитивно првото е далеку полесно
бидејќи не носи обврски и контрола.
Кога станува збор за производсто на сок, треба да се внимава многу на хигиената, да се има редовен надзор и контрола, а препарати и прскање не треба ни да се помисли да се користат, вели тој.

Во моментот,
половина од своите овошни насади се користат за преработка и производство на
сок, додека другата половина се користи за стандардна продажба на јаболко.
Никола не е сам
во производството, овде е неговата сопруга и неговите двајца синови кои му
помагаат. Годинава сокот го имаат продавано на два саеми за храна во
Македонија, а во иднина ќе можете да го најдете сокот и на други настани.
Доколку сакате да
ја вкусите Преспа преку чаша добар и квалитетен сок, можете истиот да го
нарачате со достава до ваша адреса. Повеќе информации со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Aco Adzievski
04.12.2024 20:14
Ве поздравувам и охрабрувам да продолжите да го унапредувате семејниот бизнис. Браво
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Пониква го доби најуникатното сместување досега!
Дрвена планинска куќична на Пониква. Ново место за уникатно засолниште преку Кајак.мк
Зимски активности во Македонија
Откриј зимски активности во Македонија – прошетки, санкање, локална храна и одмор во природа. Погледни ја понудата на kajak.mk.
Резервации во последен момент за Нова година: скриени места што сè уште вреди да се откријат во Македонија
Барате новогодишно сместување во последен момент? Откријте мирни планински куќи, рурални домаќинства и автентични локации во Македонија што нудат вистинска новогодишна атмосфера и флексибилни резервации.
Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово
Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.
Новата година кај локален домаќин: зошто сѐ повеќе патници го избираат ова искуство
Дознајте како локалните домаќини во Македонија ја доживуваат Новата година и зошто престојот кај нив нуди поавтентично, мирно и незаборавно празнично искуство.
Нова година далеку од градската врева
Сè повеќе луѓе ја избираат Новата година надвор од градската бучава. Мир, тишина и простор за вистински почеток на годината.