05.03.2026
Предлог пролетни сместувања во Македонија
Предлог пролетни сместувања во Македонија
Тимот на Кајак.мк секогаш вели дека најдоброто време за
патување е тогаш кога никој не патува! А зошто? Затоа што тогаш нема да имате
нервози од чекање во сообраќај, нема редици за да нарачате во ресторан и нема
непотребен стрес кој често знае да го расипе целото патувачко искуство.
Ние веќе започнавме да ги избегнуваме коментарите од
патувачите кои се жалат на услугите во угостителските објекти каде што
престојувале, на пример за 2-ри август. А зошто? Затоа што веќе заклучуваме
дека тоа не е вистинскиот патник репер за туризмот. Вистинскиот патник знае
дека на 2-ри август не треба да седне во ресторан, особено не во ресторан кој
се наоѓа на туристичка локација.
Се надеваме дека сфативте што сакаме да кажеме.
Токму поради тие причини сакаме да ви го истакнеме периодот
помеѓу 10-ти март и 30-ти март како период кога навистина вреди да
резервирате и да отпатувате некаде на викенд со луѓето кои ги сакате.
Пролетта веќе е надвор. За само неколку дена речиси секое дрвце ќе биде расцутено, природата полека се буди, а температурите стануваат идеални за кратки викенд авантури. Затоа, од 10-ти до 30-ти март, отворете го новчаникот и резервирајте престој со кој ќе ги наполните батериите – без главоболки, без гужви и без туристички хаос.

Ние ви предлагаме да ги посетите следните дестинации:
- Пониква
- Пелистер
- Дојран
- Демир
Капија
А кога станува збор за сместувања, ние секогаш ги
истакнуваме оние кои на Кајак.мк се означени како „добри домаќини“. Тоа
се домаќини кои се секогаш тука да ви одговорат на вашите прашања, да излезат
во пресрет на вашите барања и да ви понудат проверено квалитетно сместување кое
ќе го оправда вашето патување.
Сместувањата можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.