16.05.2022
Предлог пикник дестинација: Рибничка река
Предлог пикник дестинација: Рибничка река
Дали сте слушнале
за Рибничка Река која важи за една од најголемите притоки на реката Радика?
Доколку не сте слушнале, овде е Борис Ѓеровски, нашиот локален херој кој преку прекрасни фотографии ја промовира позитивната и убава страна на реката која за него е една сосема кул дестинација за еднодневен пикник или за повеќедневно кампување.

За оние кои во
моментов додека го читаат четивото се прашуваат како да стигнат до ова
локација, еве повеќе инструкции:
·
До реката се стига преку регионалниот пат Маврово-Дебар.
Непосредно по комплексот Кораб Трница во правец кон Дебар, треба да се исклучите
од регионалниот пат во правец на селата. На самото исклучување се поминува преку
мост под кој Рибница се влева во Радика.
Ако пак се прашувате кој предел е идеален за пикник, Борис го препорачува пределот во близина на местото Трница, непосредно пред Радика.

Штом пристигнете
на местото, најпрво ќе се воодушевите од бистрината на водата. Затоа наш совет/препорака
е постојано да носите со вас вреќа за отпадоци и во никој случај да не го
оставите отпадокот на местото кадешто ќе кампувате, а во никој случај да не го
фрлите во некоја од шумските корпи за ситни отпадоци, бидејќи тие се чистат ретко.
Оптадокот секогаш треба да биде фрлен во градски контејнер.

Рибничката реката настанува од повеќе извори на планината Кораб, во околината на врвот Бачилски Камен и пределите Горни и Долни Чардак, источно од превалецот Шкртец, на надморска височина од околу 1.920 м, од каде потоа продолжува со спојување на Извирскиот, Бабиниот (Прој и бабес) поток во долот над селото Тануше.

Ова река тече
непосредно под селото Рибница по кое и
го добила името, по што прима уште две притоки, и тоа Рагалеч од десната
и Длабока Река од левата страна, а потоа станува
полноводна сè до својата утока во Радика.
Фотографиите се направени од: Борис Ѓеровски (facebook), b.gjerovski (instagram) и raw.wild.adv (instagram).
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.