24.08.2026

Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!

Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!

На Кајак.мк можете да ги најдете сите оние скриени засолништа каде никој не би можел да ве пронајде. Локации каде можете да бидете само вие и луѓето кои навистина треба да бидат со вас. Места далеку од гужвата, бучавата и секојдневието, каде телефонот конечно може да остане настрана, а природата да го преземе главниот збор. Токму таквите сместувања се она што сакаме да ви го откриваме на Кајак.мк.

Доколку сакате да погледнете повеќе информации и опција за резервација кликнете ОВДЕ.


Едно такво сместување кое од денеска е повторно активно на Кајак.мк е оваа скриена планинска куќа на само 4 километри од Беровско Езеро и околу 2 километри од Клепало. Тоа значи дека доколку посакате ручек или вечера во ресторан, на само неколку минути од вас имате можност за тоа. Но доколку сакате буквално да бидете сами, без соседи, без гужва и без непотребни звуци, ова е местото кое ќе ви го овозможи тоа. Овде друштво ќе ви прават борова и букова шума, реката која тече пред куќата и звуците на природата.


Куќата може да прими до 8 гости и располага со три спални соби, комплетно опремена кујна, дневен простор, трпезарија, бања и голем зелен двор идеален за кафе, скара и долги разговори на отворено. Нема Wi-Fi, а токму тоа можеби е најубавиот дел од приказната – имате совршена причина барем за момент да се исклучите од онлајн светот. Во постудените денови куќата се загрева на дрва, а приватниот паркинг и просторот за велосипеди го прават престојот уште попрактичен. Ако ви треба место каде ќе исчезнете на неколку дена и ќе останат само шумата, реката и луѓето што сте ги избрале – можеби штотуку го пронајдовте.

Доколку сакате да погледнете повеќе информации и опција за резервација кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.