11.11.2024

Планинска вила на Плачковица идеална за друштвени уживања

Планинска вила на Плачковица идеална за друштвени уживања

Добиваме се повеќе и повеќе уникатни планински вили во кои вреди да поминете барем еден викенд со вашето друштво. На почетокот на ова четиво ќе го истакнеме оној битен момент со кој се соочуваме во моментот, а тоа се резервациите за Нова Година. Искрено, нам ни е до некаде и жал дека повеќето домашни патувачи го гледат новогодишниот термин како единствен термин за патување и изнајмување на сместувачки објект во Македонија. Затоа би сакале да ви потенцираме дека секој викенд во годината може да ви биде за уживање и патување, ако ги имате до себе вистинските луѓе.

Затоа имајте предвид дека ваквите уникатни вили може да бидат достапни за вас во било кој период од годината.


Оваа вила се наоѓа на планината Плачковица, во непосредна близина на хотелот Бел Камен. До самата вила има асфалтиран пат, а времето изгубено во возење до самата вила ќе се задоволи со прекрасната природа и мирот кои ги гарантира овој предел.

Вилата има капацитет за 10 лица, располага со 3 спални соби, дневен простор и кујна. Простран двор и апсолутна приватност. Доколку сакате повеќе фотографии и информации кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.