28.07.2025
Овој рај е во Македонија: Се отвори планински комплекс со дрвени куќички и базен на Билино
Овој рај е во Македонија: Се отвори планински комплекс со дрвени куќички и базен на Билино
На највлијателната платформа Кајак.мк пристигна ново ексклузивно сместување во Македонија – магичен комплекс од дрвени планински куќички, скриен длабоко во природата. Лоцирани на надморска височина од околу 1360 метри на падините на планината Билино, овие куќички нудат мир, приватност и вистинско бегство од секојдневието. Местото е совршено за сите кои бараат автентично искуство во природа. Тишината, свежиот воздух и недопрената околина ќе ве освојат уште при првиот престој.
Се наоѓа во околината на Крива Паланка
Од Скопје до комплексот ви се потребни околу два ипол часа возење.
| Доколку сакате повеќе детали, цена и опција за резервација кликнете ОВДЕ. |

| Доколку сакате повеќе детали, цена и опција за резервација кликнете ОВДЕ. |
Комплексот располага со четири модерно уредени дрвени куќички, секоја со капацитет за 4 лица, и дополнителен објект за прослави до 100 гости. Секоја куќичка има спална соба со брачен кревет, камин на дрва, аголна гарнитура, опремена кујна, сопствено купатило и простор за одмор. Постелнината и пешкирите се менуваат на секои два дена, а грижата за хигиената и удобноста е доверена на вработено лице. Приватен паркинг, дозволен престој за миленици и простор за велосипеди се само дел од погодностите.

Во цената од 3.000 денари по ноќевање е вклучено користење на базен, скара и печенжара – совршено за семејни дружења, викенд одмори или интимни прослави. Локацијата не е туристички се уште развиена со масовен туризам, затоа и ова место е создадено за целосен ресет на телото и умот.
Доколку сакате повеќе информации, фотографии, како и опција за он-лајн резервација, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Sara Dimitrievska
29.07.2025 11:28
Zdravo dali ima slobodno za 1 i 2 avgust za 2 deca 3 i 6 i 2 vozrasni.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.