26.04.2024
Отсега можете да престојувате во ловечка куќа во Берово
Отсега можете да престојувате во ловечка куќа во Берово
На платформата на Кајак.мк од денеска може да ја забележите „Ловечката Куќа Фути“, која се наоѓа во туристичка населба Абланица, само 5 километри од Берово. Оваа планинска оаза е совршено место за сите кои сакаат да се изолираат во природата и да уживаат во нејзините придобивки.
| Куќата можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ. |

Сместувањето нуди две просторни соби со легла до седум лица. Секоја соба е опремена, вклучувајќи и комплетно опремена кујна во куќата, што овозможува гостите самостојно да се грижат за своите оброци, доколку сакаат. За љубителите на традиционалното, на располагање е и летна кујна со скара на дрва, идеална за подготовка на автентични специјалитети.

Покрај комфорното сместување, околината на Ловечката Куќа
"Фути" нуди бројни активности. Шумата покрај која се протега патека
за трчање или пешачење, како
и близината на реката Брегалница, се вистинска покана за секој авантурист. Оваа локација е идеална за оние кои
сакаат да избегаат од секојдневието и да се препуштат на мирот кој го нуди
природата.
Повеќе информации,
фотографии, како и опција за он-лајн резервација, можете да најдете со еден
клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.