16.07.2026

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Тимот на Кајак.мк имаше чест да организира уште еден уникатен тим-билдинг настан во Охрид, исполнет со автентични локални искуства и моменти кои долго ќе останат во сеќавање. Особено ни е драго што токму вработените од компанијата IWConnect добија можност да бидат дел од едно поинакво доживување, создадено далеку од секојдневната канцелариска рутина.

Охрид е дестинација која речиси секој ја посетил барем еднаш. Но, токму тоа е нашиот предизвик – да покажеме дека овој град секогаш може да се открие одново, преку нови приказни, различни локации и автентични искуства. Дури и кога организирате повеќе настани на истото место, секој може да биде единствен.

Доколку и вашата компанија има потреба од тим билдинг патување, можете да ни испратите барање со еден клик ОВДЕ.
Компанијата IWConnect ја препознава вредноста на ваквите искуства и континуирано вложува во создавање незаборавни моменти за своите вработени. Благодарение на нивната доверба, Кајак.мк реализираше концепт кој спои природа, гастрономија, култура и забава.


Првиот дел од програмата беше резервиран за магична филмска вечер под отворено небо во дворот на Пирустија Неданоски во селото Рамне. Просторот, кој преку ден е познат по традиционалните Cooking Classes организирани од нашата домаќинка Наташа, а со зајдисонцето се претвори во романтично кино на отворено. Под ѕвезденото небо, со мирисот на природата и уникатниот амбиент, гостите уживаа во филмска проекција каква ретко се доживува.


Вториот дел од вечерта беше резервиран за едно од најексклузивните искуства што Кајак.мк ги организира на Охридското Езеро – приватна вечера во комплексот на црквата „Св. Богородица“ – Заум. Посебна чест ни претставува фактот што ова беше првата организирана група на која домаќините дозволија вечерта да биде збогатена со жива акустична изведба на традиционална македонска чалгиска музика.


Во амбиент исполнет со спектакуларно зајдисонце, локални гастрономски специјалитети, внимателно одбрани македонски вина, звукот на езерото и мелодиите на чалгијата, гостите имаа можност да уживаат во едно навистина несекојдневно искуство. А враќањето со охридските катамарани во последните зраци од сонцето беше совршеното финале на денот – момент кој засекогаш ќе остане дел од нивните спомени.


Токму ваквите приказни се причината поради која Кајак.мк продолжува да создава автентични туристички и корпоративни искуства низ Македонија. Наместо класични тим-билдинг настани, нашата цел е секоја компанија да добие доживување кое ќе ги зближи луѓето, ќе ги инспирира и ќе им подари спомени што ќе ги раскажуваат долго по завршувањето на настанот.

На крај, останува само искрено да ѝ се заблагодариме на компанијата IWConnect за укажаната доверба и можноста заеднички да реализираме уште една успешна приказна.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.

Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели

Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.

Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани

Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.

Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје

Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.