06.06.2024
BtoBet со најдолгата пикник маса на еко тим-билдинг патување!
BtoBet со најдолгата пикник маса на еко тим-билдинг патување!
Ако има нешто кое треба да го потенцираме во првата реченица од нашиот текст е информацијата дека компанијата BtoBet го сруши рекордот со најдолга пикник маса организирана во природа. Над 100 вработени од компанијата BtoBet имаа можност да уживаат во Демир Капија и во убавините на овој крај.
| Повеќе фотографии од патувањето можете да погледнете со еден клик ОВДЕ. |

Во неколку наврати сме споменале, но ќе потенцираме уште еднаш, дека компанијата BtoBet е пример за колегијалност и колегијално дружење кога станува збор за компанија со над 150 вработени. Концептот кој компанијата го гради во насока на поддршка на локалната економија, истражување и откривање нови места во Македонија, како и постојана донација и садење на нови дрвца низ Македонија, за нас претставува добар пример по кој секоја компанија треба да се води.

По Бислимска Клисура, село Пишица и разни планински сместувања, овојпат уживавме во природата на Демир Капија. За разлика од претходните патувања, овој настан одлучивме да биде под мотото „100% природа“ каде го поминавме денот под длабока природна сенка организирајќи разни активности.

Денот започна со засадување на 100 дрвца во парк во Демир Капија, каде во соработка со локалната самоуправа, компанијата донираше и засади 100 дрвца кои ќе го разубават ликот на градот.

По акцијата за пошумување, организирана беше и „хајкинг“ тура до Акватика, на која локација уживавме во вкусната локална храна, скара, пијалоци, акустична пикник музика и активности во природа.

Особено се радуваме на фактот дека компанијата BtoBet го сруши рекордот со најдолга пикник маса за над 100 вработени, во комплетна природа, под отворено небо и со голем предизвик да не ни заврне во текот на денот. Повеќе фотографии од еко пикник патувањето, можете да погледнете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.