20.02.2025
Организираме кањонинг во Мариово: Авантура за цело друштво
Организираме кањонинг во Мариово: Авантура за цело друштво
Еј друштво, компании, авантуристи! Ни доаѓаат топлите денови од годината, а со тоа треба да почнете да размислувате каде да поминете еден добар викенд! Тимот на Кајак.мк е подготвен во целост да ви организира еден прекасен викенд во Мариово, исполнет со многу активности, дружење, опции за ноќевање, вечерни седенки покрај логорски оган и слично.
| Турата и деталите можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ. |
Денеска сакаме да
ве информираме дека од годинава започнуваме и со организирање на кањонинг
авантури по познатата Градешка река, која е река што можеби ја има на најмногу
македонски филмови. Од познатиот мост во село Зовиќ, низ прекрасниот кањон на
реката Градешка, па се до панорамски поглед на цело Мариово.
За првпат во Македонија, тим составен од професионалци ви го организираат денот за „планинарење по река“.
За оние коишто за
првпат се сретнуваат со поимот „Кањонинг“, еве мал информативен параграф:
Кањонингот е авантуристичка активност која подразбира
поминување-пешачење низ кањони кои се наоѓаат во подножјата на планините во
фасцинантна и негибната природа, притоа совладувајки ги природните пепреки како
на пример, водопади, каскади, природни базени ( вирови) и слично.Во таа прилика
може да се користат различни вештини на пешачење и техники на качување и
спуштање, спуштање со јаже, пешачење по експониран терен или воден тек,
протнување низ тесни процепи, скокање во вода и пливање. Кањонингот е погоден
за поединци, парови, поголеми групи и семејства, сезоната трае од Мај до
Октомври. Ова е активност која се изведува со професионални и искусни
водичи на терен кој е претходно обезбеден и затоа не ви треба искуство за да го
доживеете кањонингот. Единствено потребно е да знаете да пливате и желба за адреналинска авантура. Со
помош на професионалецот до вас, ќе можете да се справите со повеќе пречки и да
достигнете подалеку во кањонот отколку што инаку би можеле.
Доколку сакате да ја погледнете турата, да
дознаете повеќе информации и цена, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.