09.09.2026
Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!
Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!
Кајак.мк секогаш прв ги носи ексклузивните новости од туризмот во Македонија, а денеска ве водиме на Пелистер (Планина Баба), каде откриваме уште едно бајковито сместување кое вреди да се најде на вашата листа за следното патување. Станува збор за нова дрвена планинска куќичка во Нижеполе, изградена во 2026 година, која во своето пространо дворче има огниште под отворено небо – идеално ќоше за есенски муабети, топол чај или чаша вино до доцна во ноќта.

| Доколку сакате да погледнете цена и повеќе фотографии, кликнете ОВДЕ. |
Куќичката се наоѓа на околу 1.250 метри надморска височина, опкружена со планинска природа и без непосредно соседство. Токму тука утрата започнуваат со свеж планински воздух и поглед кон Пелистер и Бабин Заб, а вечерите со звукот на огнот и тишината на планината. Локацијата е одлична за сите кои сакаат да побегнат од градската бучава, но и за љубителите на пешачењето, скијањето и истражувањето на Баба Планина.

Внатрешноста е уредена во топол планински стил и располага со дневна соба со камин на дрва, целосно опремена кујна, трпезарија, една спална соба со брачен кревет, купатило и прекрасни тераси. Каминот е поврзан со парно греење низ целата куќичка, што ја прави одличен избор и за студените есенски и зимски денови. Сместувањето располага и со Wi-Fi, IPTV, приватен паркинг и сè што е потребно за удобен престој за максимум четири лица.

А најубавиот дел можеби ве чека надвор. Замислете студена планинска вечер, запалено огниште, добро друштво и небо полно со ѕвезди, додека околу вас владее целосен мир. Ако токму вака го замислувате вашиот следен есенски или зимски викенд, оваа нова планинска куќичка на Пелистер веќе можете да ја резервирате преку Кајак.мк.
Доколку сакате да погледнете цена и повеќе фотографии, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.