11.12.2024

Нова тура со коњи низ тиквешките лозја

Нова тура со коњи низ тиквешките лозја

Тимот на Кајак.мк е среќен што отсега ви овозможува уште една тура со коњи, која тура поради временските услови ќе се реализира преку зимскиот период. Наместо Охрид, Галичник, Маврово или Калин Камен, денеска ве водиме на турата Клепа, која рута на движење се наоѓа во регионот на Градско.

Ранчот со целосно дресирани и питоми коњи се наоѓа во близина на селото Долно Чичево, кое село е во близина на Сирково.

Доколку сакате да ја резервирате турата кликнете ОВДЕ.


Турата претставува планинско јавање кое ќе ве однесе низ овоштарниците и разгранетите лозја, патека која ве води до прекрасниот врв Клепа со неверојатен поглед кон Тиквешките лозја.

Секој чекор по оваа патека открива нов пејзаж, нудејќи ви шанса да застанете и да вдишете животот на природата која ве опкружува. Јавањето на коњ е прилагодено за сите нивоа на искуство, овозможувајќи ви да уживате во спокојот и убавината на патувањето без оглед на вашите вештини.

Повеќе информации, фотографии, како и опција за резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.