18.11.2024

Ненад Лазаров од Пробиштип: Млад номадски пчелар со големи амбиции

Ненад Лазаров од Пробиштип: Млад номадски пчелар со големи амбиции

На почетокот на месец ноември ви споменавме дека на платформата на Кајак.мк ќе ви раскажеме над 20 нови приказни за како што ги нарекуваме, нашите локални херои кои создаваат мали нешта од огромно значење во развојот на гастро-туризмот.

Денеска нашиот караван пристигнува во Пробиштип, каде во околината на недопрената природа своите приколки со пчелни сандаци Ненад ги преуредува за нова сезона и нови натамошни активности.

Ненад Лазаров има своја уникатна приказна која вреди да се прочита до крај. За разлика од своите врсници кои на негови години се одлучуваат да ја напуштат државата, тој со својот татко неуморно работи во креирањето на една успешна медена приказна која го носи називот Medlex.


За Medlex, Ненад вели дека е фамилијарен бизнис кој неговиот татоко го започнал пред цели 30 години. Ненад уште од мали нозе е заедно со пчелите и низ годините го учи и усовршува занаетот, за како што вели да помогне да се изгради во еден познат македонски бренд.


Она што можеби го прави нивниот „меден занает“ уникатен е фактот дека тие се занимават со номадско пчеларство. Покрај нивните базни станици во околината на Пробиштип, тие пчеларат и на повеќе локации низ Осоговските планини со акцент на областа Кнежево.


Со комплетна опрема и транспортери креирани да пренесуваат сандаци, нивната сезона започнува од рана пролет со појавата на вегетацијата во својот крај. Пролетта ја започнуваат од околните села на помала надморска височина каде вегетацијата почнува порано, па се до Кнежево кое е на надморска височина од 1100 метри и каде што се собира чист планински мед.


Солидната бројка на пчели им овозможува да создаваат ливадски и планински мед, имуно мед за кој Ненад вели дека им е доста популарен за продажба. Освен мед, произведуваат и други пчелни производи, како прополис, полен, саќе, матична млеч и перга, а произведуваат и свеќи од природен восок.


Ненад се стреми брендот Medlex да препрасне во домашен познат бред кој произведува и продава 100% природни домашни производи. Производите на Меделекс наскоро ќе може да се купат преку нашата бакалница, а дотогаш можете да стапите во контакт со Ненад со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.