27.04.2026

Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк

Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк

Ако некој ви рече дека во Берово нема што да правите доколку појдете како група или колегијално од работа на тим-билдинг, тогаш многу, ама многу грешат или ве лажат!

Тимот на Кајак.мк ќе ви раскаже дека со нас како организатори, Берово може да биде дестинација која ќе ви понуди време исполнето со многу адреналин, активности во природа, вкусна храна и уживање во апсолутна приватност.


Изминатиот викенд, Кајак Агенција имаше можност да биде организатор на еднодневен тим-билдинг на компанијата Flutter CEE (ex. Singular).

Не би должеле многу да ви објаснуваме детално за нашата авантура, бидејќи фотографиите кои ги имате во самото четиво говорат многу, но дефинитивно би ви рекле дека денот ни беше исполнет со јавање коњи низ прекрасната беровска шума.


Имавме организирано натпревар во стрелаштво и пукање со воздушна пушка, а го посетивме и најдоброто беровско семејство кое ги произведува најдобрите локални специјалитети од беровските билки кои ги дарува природата.


Денот го комплетиравме со највкусната трпеза – микс од беровски локални специјалитети, вкусна храна и пикник трпеза во природа организирана само за групата.

Доколку и вашата компанија сака вакво еднодневно или повеќедневно искуствено доживување и патување кое вклучува организиран превоз, активности, логистика, сместување, храна и забава, тогаш сè што треба е да ни пишете на [email protected] или пак испратете барање со пополнување на формуларот со еден клик ОВДЕ.


Доколку одлучите да ноќевате во Берово, не заборавајте дека ние ја организираме најдобрата забава со логорски оган.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.