22.04.2026
На Кожуф има ресторан за кој сите зборуваат – еве зошто
На Кожуф има ресторан за кој сите зборуваат – еве зошто
Тимот на Kajak.mk секогаш ви ги претставува најдобрите места кои дефинитивно мора да ги посетите во текот на оваа сезона, а годинава – без никаква дилема – мора да го посетите ресторанот Иц-Иц.
Сместен на прекрасната Кожуф планина, на околу 30 минути од Гевгелија,
во туристичката викенд населба Смрдлива Вода – или како што ние би ја нарекле
„Здрава Вода“ – овој ресторан нуди искуство што не се опишува, туку се
доживува.
Покрај течењето на реката Сливка се наоѓа ресторанот „Иц-Иц“, место каде природата и гастрономијата се спојуваат во едно совршено доживување.
Зошто оваа туристичка населба ние би ја нарекле „Здрава Вода“? Бидејќи токму овде извира една од најздравите минерални води во Македонија, која локалните жители ја нарекуваат „Смрдлива Вода“, поради сулфурни соединенија (како водород сулфид).
Тоа е истиот оној мирис што многумина го опишуваат како „расипани јајца“, но всушност е знак дека водата е богата со минерали и има лековити својства. И без галје, таа тече од еден извор кој е прилагоден како туристичка куќарка, додека надвор од неа, мириса на шума богата со кислород.

Затоа мораме да кажеме дека, Смрдлива Вода е место кое буквално
ве лекува со водата, кислородот и густата шума.
Ресторанот Иц-Иц моментално работи само за викенди, но
нашиот совет е да се јавите на 071 655
001 – можеби ќе имате среќа и ќе ве пречекаат и во текот на неделата.
Она што го прави Иц-Иц навистина посебен е неговата локација. Во самото дворче тече чиста, бистра планинска река. Звукот на водата, ладовината од густата шума и свежиот воздух – тоа е комбинација што ќе ви ги наполни батериите подобро од било кој спа центар.

А храната? Токму онаа поради која ќе сакате да се вратите
повторно и повторно. Во Иц-Иц се служат традиционални македонски специјалитети
подготвени на автентичен начин – сочни меса на скара, јагнешко под сач, свежа
пастрмка, домашни сирења, кајмак и топол, штотуку испечен леб. Секој залак е
комбинација од планинска свежина и домашен вкус кој ве враќа во детството.
Велат дека една секунда помината на „Смрдлива Вода“ ви го
продолжува животот за 10 нови секунди. И кога ќе дојдете тука – ќе разберете
зошто. Бидејќи овде не само водата, туку и воздухот лечи. Густата, бујна шума е
вистинска кислородна бомба – без индустрија, без бучава, без загадување.
Вака изгледат изворите на „Смрдлива Вода“ или по нашки „Здрава Вода“: Минералната вода по која локалитетот го добил името е позната по нејзината лековитост за заболувања на стомачниот тракт, желудник и бубрези.

Фото: — сопствено дело
До „Смрдлива Вода“, односно по нашки „Здрава Вода“, се
стигнува лесно. Патот е целосно асфалтиран – доволно е да пристигнете во Гевгелија
и по само 30 минути возење веќе сте во сосема друг свет: планина, тишина и
ресторан кој ќе ве освои на прв поглед.
Ова не е само место за ручек. Ова е место каде се бега од реалноста. Место каде се дише со полни гради. Место каде се враќате повторно.
Повеќе фотографии од ресторанот можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
На Кожуф има ресторан за кој сите зборуваат – еве зошто
Смрдлива Вода на Кожуф планина е дефинитвно дестинација која ќе ви ги наполни батериите! Велат дека една секунда на „Смрдлива Вода“ или „Здрава Вода“ ви го продолжува животот за 10 секунди!
Скопје со локален водич – автентични искуства и скриени приказни | Kajak.mk
Откриј го Скопје преку локален водич и искуства што излегуваат од класичните туристички рути. Автентични приказни, скриени места и поинаков поглед на градот. Резервирај преку Kajak.mk.
Тури со коњи во Македонија – планинско јавање и автентични авантури преку kajak.mk
Резервирај тури со коњи во Македонија преку kajak.mk. Планинско јавање, автентични доживувања, природа и водени авантури за почетници и напредни јавачи.
Поврзи се со луѓе кои нудат уникатни услуги низ Македонија | Kajak.mk
Откриј ја категоријата „Луѓе“ на Kajak.mk каде се претставени локални поединци што нудат услуги, знаења и автентични искуства низ цела Македонија.
Вештачката интелигенција станува главен помошник при патување
Вештачката интелигенција сè повеќе се користи во туризмот и станува главен помошник при планирање патувања, резервации и избор на дестинации со целосно персонализирано искуство.
Во Македонија постои рурално сместување кое ќе ве врати во времето на „Македонски народни приказни“
Во Македонија постои рурално сместување кое ќе ве врати во времето на „Македонски народни приказни“.