03.12.2025
Запознајте го Младен: Човекот кој го промовира Кратово преку секој залак
Запознајте го Младен: Човекот кој го промовира Кратово преку секој залак
Во срцето на Кратово, град богат со легенди и традиции, работи човек кој со страст и посветеност гради нова туристичка приказна. Младен Мицевски, професор по угостителство и туризам во СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово, локален туристички водич и докторанд со фокус на гастрономија и одржлив туризам, се истакнува како амбасадор на кратовската култура.
Приказната на Младен од денеска е дел од светот на Кајак.мк, а за нас Младен е новиот локален херој кој создава мали нешта од огромно значење во промоцијата на туризмот во Македонија.
За Кајак.мк тој
ја раскажува неговата страсна љубов кон секое ќоше на Кратово.
„Јас сум ентузијаст и фанатик во областа на угостителството
и туризмот. Обожавам да работам со туристи и млади, бидејќи долги години сум
бил младински активист,“ вели Младен.
Неговиот пат кон гастрономијата започнува уште во младоста, во семејство каде секојдневно се подготвувало традиционална храна. Љубовта кон локалните вкусови се продлабочувала со студиите и престојот во странство. „Отсекогаш го замислував Кратово како успешна и одржлива туристичка дестинација. Поради мојата посветеност кон гастрономијата, се насочив кон промоцијата на кратовската култура и храна,“ објаснува тој.

Но, патот не е без предизвици. „Предизвици секако постојат,
особено додека да ги докажеш своите искрени намери во средината и да се
прифатат некои новини надвор од зоната на комфор. Сепак, посветеноста кон
работата, кон идеалот којшто го имам, како и смиреноста во решавањето на
предизвиците придонесоа сите предизвици да се надминат. Постојаното
истражување, патувања, доедукацијата, како и соработката со колеги
придонесуваат за набљудување на работите од друга перспектива и полесно
надминување на предизвиците,“ додава Младен.
Секојдневието на Младен е динамично и исполнето со ароми и
вкусови кои го врзуваат за градот. „Часовите со учениците кога готвиме
кратовски и македонски специјалитети, подготвувањето на настани за промоција на
локалната култура и работа со туристи – сето тоа ме исполнува,“ вели тој. На
туристите им открива тајните на вулканското тло на Кратово, легендите закопани
во камењата и, секако, вкусовите на традиционалната кујна. „Често давам насоки
што да пробаат, а понекогаш и им организирам целосно гастрономско доживување,“
додава Младен со насмевка.
Најголемото задоволство за него е чувството на исполнетост и
можноста да пренесе знаење и љубов кон културното наследство. „Можноста да ги
видам резултатите од мојата работа, долгиот муабет со учениците и туристите,
како и контактите што се создаваат, се најголемите бенефити за мене,“ објаснува
Младен.
Семејството, професорите, пријателите и учениците секогаш му биле столб на поддршка. Како што самиот вели, дел од учениците честопати несвесно му велат: „just keep going“, што за него е „најслатка“ потврда дека неговата мисија има смисла.

Младен верува дека неговата работа има директна вредност за
заедницата. „Едукацијата на младите, пренесувањето на традиционалната култура и
гастрономија, подигнување на угостителските и туристичките стандарди се клучни
за подобра туристичка визија и одржливост на културата,“ објаснува тој. Секој
чекор, секоја тура и секој специјалитет што го споделува со туристите
придонесуваат Кратово да се открие како рурална и одржлива гастрономска
дестинација.
Во иднина, Младен не се откажува од својата мисија: „Би
сакал да го видам Кратово како успешна, алтернативна гастрономска туристичка
дестинација, благодарение на човечкиот капацитет кој денес го градиме. Никогаш
нема да се откажам од оваа мисија.“ За оние кои сакаат да тргнат по сличен пат,
тој порачува: „Посветеноста и истрајноста се клучни. Ништо не се менува преку
ноќ, но со долгорочни цели, сè е можно.“
Младен Мицевски не е само гастроном; тој е чувар на вкусови,
приказни и традиции, човек кој со срце и знаење ги воведува туристите во душата
на Кратово. Со секое готвење, секоја тура и секоја насмевка, тој создава
автентично доживување кое не се заборава.
Од денеска Гастро
тура со Младен можете да резервирате со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Mare Giceva
04.12.2025 23:31
Bravo Mladen da si ziv i zdrav
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер
Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.
Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен
Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.
Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk
Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.