02.02.2026

Жени од село Умин Дол се борат да спасат кров на 100-годишна куќа

Жени од село Умин Дол се борат да спасат кров на 100-годишна куќа

Во време кога многу села во Македонија тивко исчезнуваат, има луѓе што одбиваат да се откажат. Луѓе што веруваат дека минатото вреди да се зачува, а иднината – да се изгради.

Ова е приказната за Роза и жените од селото Умин Дол – локални хероини кои со срце и истрајност се борат да спасат еден век стар објект, симбол на историјата и заедништвото.

И вие можете да помогнете со мала донација на линкот:
https://whydonate.com/fundraising/we-need-your-support-for-a-new-roof

Тимот на Кајак.мк денес не ви раскажува обична приказна. Ова е повик. Повик до сите нас што ја сакаме Македонија.

Станува збор за објект со голема историска вредност, проектиран од рускиот емигрант Владимир Антонов, кој по Првата светска војна работел во Општина Куманово. Денес, сто години подоцна, таа куќа се распаѓа – не затоа што не е важна, туку затоа што ѝ е потребна итна помош.


Кровот прокиснува. Секој дожд носи нови оштетувања. Ако не се реагира сега – објектот може засекогаш да се изгуби.

„Сакаме ова место повторно да живее“, велат од Здружението „Ума Сто“.
„Да стане центар за културни и едукативни активности – работилници, детски екскурзии, излети, настани што ќе донесат живот, луѓе и надеж во селото. Но без нов кров – ништо од тоа не е можно.“

Веќе три години, група млади ентузијасти од здружението „Ума Сто“ неуморно работат на развојот на селата Умин Дол и Ново Село. Организираат панаѓури, сезонски настани и собирања што ги враќаат насмевките кај мештаните.
Од оваа пролет, нивната љубов кон селото привлече и странски туристи – холандски гости кои редовно доаѓаат да ја почувствуваат автентичната македонска рурална убавина.

Селото повторно дише. Но за да продолжи – потребна сме сите ние.


Донаторската кампања е во тек.
Секоја донација – мала или голема – значи чекор поблиску до спас на овој објект и иднина за селото.

Донирај тука:
https://whydonate.com/fundraising/we-need-your-support-for-a-new-roof

Ако не можеш да донираш пари, можеш да помогнеш со градежен материјал или со споделување на оваа приказна.
Понекогаш, токму малите гестови прават голема разлика.

Ова не е само кров.
Ова е борба за историјата, за селата, за Македонија.
Да покажеме дека сè уште знаеме да се држиме едни до други.

И вие можете да помогнете со мала донација на линкот:
https://whydonate.com/fundraising/we-need-your-support-for-a-new-roof

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.