24.01.2026
Македонска пекара во Австралија ги освојува купувачите со стари македонски рецепти
Македонска пекара во Австралија ги освојува купувачите со стари македонски рецепти
| Пред да продолжите со читање на овој текст, сакаме да ве информираме дека текстот е достапен на вкупно 20 ЈАЗИЦИ! Без разлика каде и да живеете низ Светот, отсега ваквите убави приказни можете да ги споделите на јазикот во земјата каде живеете или престојувате. Па така вашите пријатели германци, швеѓани, французи, американци, или што и да се ќе може да се запознаат повеќе со Македонија. Текстот можете да го прочитате на друг јазик со еден клик ОВДЕ. |
Денеска, ве водиме во Австралија, поточно во предградието на
Сиднеј, кадешто се наоѓа уште една пекарница на наш македонец, кој веќе долги
години живее во Австралија.
Во австралиската пекарницата на Ристе мириса на македонска традиција. Таму се подготвуваат најразлични бели пецива – од рачно замесен домашен леб, со природен квасец или без него, до свечени погачи наменети за свадби, крштевки и црковни обреди. На полиците секојдневно се редат буреци, мазници, пити и други пекарски производи, а слаткиот дел од гастрономската македонско-австралиска приказна го заокружуваат тулумбите, баклавите и останатите ориентални десерти кои носат вкус на Балканот.

Зад овој труд стои семејството Танчеви кои се по потекно од село
Миравци – татко и син- Слободан и Ристе – чие име со години е препознатливо во
Ливерпул, предградие на Сиднеј. Нивната пекара се наоѓа на Macquarie Street,
Unit 5/156, и за многумина претставува повеќе од продавница: таа е место каде
што спомените и традицијата се преточуваат во тесто.
Веќе триесет години, македонската пекарска приказна живее и опстојува во Австралија. Во „Royalty“ секој производ се подготвува со истата филозофија со која се работело и дома во село Миравци – без брзање, со почит кон занаетот. Тука се меси кисел леб, векни, прстени и разни видови ролни, но и автентични балкански специјалитети како бурек, мазник, пита, крофни, тулумби и баклава. Посебно место имаат и лебовите за црковна литургија, како и украсните погачи за веридби и свадби.

Ристе потекнува од гевгелиското село Миравци, а неговиот животен пат го однел илјадници километри далеку од татковината. Сепак, токму – во Ливерпул – тој успеал да изгради стабилен семеен бизнис кој опстојува на истата локација уште од 1996 година. Неговиот успех не е случаен. Тој е резултат на години работа, постојана борба, рано станување и искрен однос кон секој што ќе влезе во пекарницата. Македонскиот занает со текот на времето станал секојдневие, а тоа секојдневие се претворило во идентитет. Лебот, бурекот и слатките тука не се само производи – тие се врска со корените и доказ дека традицијата може да преживее и далеку од дома.

Посебна приказна се тулумбите – десерт кој во пекарницата „Royalty“ носи длабока семејна симболика. Нивниот вкус не е случаен, туку е резултат на генерациско знаење. Рецептите се пренесувале од баба и дедо, преку татко, сè до Ристе, кој ги споил сите искуства и создал сопствен, препознатлив стил. Тулумбите така стануваат повеќе од слатко – тие се спој на наследство, дисциплина и личен печат, типичен балкански дух што знае да го зачува старото, а да го усоврши за новото време.

Приказната за Ристе е приказна за Македонец кој ја освоил Австралија не со гласни зборови, туку со тивка, упорна работа и со вкусови што зборуваат сами за себе.
| Пред да продолжите со читање на овој текст, сакаме да ве информираме дека текстот е достапен на вкупно 20 ЈАЗИЦИ! Без разлика каде и да живеете низ Светот, отсега ваквите убави приказни можете да ги споделите на јазикот во земјата каде живеете или престојувате. Па така вашите пријатели германци, швеѓани, французи, американци, или што и да се ќе може да се запознаат повеќе со Македонија. Текстот можете да го прочитате на друг јазик со еден клик ОВДЕ. |
Коментари
-
Kostadin Kostadinov
24.01.2026 21:24
Браво, успех и срека пинатаму секако и добро здравје 🥖🫓🥨🥯🍞🙏🍀👌👍🥪🌭🍰🥧🍮🥮🧀🥐🥖
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците
Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.
Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна
Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.
Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот
Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?
Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации
Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.
Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф
Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.