05.02.2026

Македонецот Даниел отвори свој ресторан во Германија каде служи македонската и балканска храна

Македонецот Даниел отвори свој ресторан во Германија каде служи македонската и балканска храна

Пред да започнете со читање на приказната сакаме да ве информираме дека ова приказна е преведена на 20 јазици и можете да ја споделите на јазикот на земјата во која престојувате! Само така ќе ја промовираме Македонија. Доколку сакате да ја прочитате приказната на друг јазик, кликнете ОВДЕ.

Тимот на Кајак.мк секогаш вели дека ниту една приказна не е лесна и дека ниту еден успех не доаѓа преку ноќ. Зад секој остварен сон стојат труд, трпение и голема љубов кон она што се работи. Успехот не се мери само со локацијата, туку со срцето што го вложуваме и со истрајноста да не се откажеме, дури и кога патот е тежок и далечен. За нас, Македонија денес не завршува на своите географски граници, туку таму каде што сè уште се чувствува мирисот на македонската кујна и топлината на домашната трпеза.

Денес ви ја раскажуваме приказната на валандовчанецот Даниел Петровски, роден во Валандово, кој својата животна и професионална приказна ја продолжува во Германија. Своето место под сонцето го гради во градот Ханау, каде што преку сопствен ресторан ја пренесува љубовта кон македонската и балканската кујна далеку од Македонија.


Даниел се преселува во Германија во 2017 година. Уште од првиот ден, како што самиот вели, ја носел идејата во себе – да отвори ресторан во кој ќе се служи вистинска домашна македонска храна, подготвена според старите рецепти. Патот до сонот не бил лесен. Поминале години во потрага по соодветна локација, средување документи, финансии и соочување со предизвиците што ги носи животот во туѓина. Сепак, вербата и упорноста победиле.


Резултатот од таа борба денес гордо го носи името Scala Coffee & Restaurant – место што не е само ресторан, туку вистинска приказна за дом, традиција и вкус. Сместен во близина на центарот на Ханау, покрај реката Кинциг, Scala нуди пријатно засолниште од брзиот и стресен ритам од германското секојдневие.


Менито е вистинско патување низ македонската и балканската кујна. Даниел вели дека гостите во ресторанот може да го започнат денот со омлет, пити и макала, а да продолжат со свежи салати и јадења што потсетуваат на домашната трпеза.


„Во ресторанот доаѓаат луѓе од целиот Балкан,“ вели Даниел, „но во последно време сè повеќе Германци и гости од други националности. Многу им се допаѓа македонската кујна и се импресионирани од нашите комбинации“ Тоа е најголемата потврда дека вкусот и искреноста немаат граници.


Рецензиите зборуваат сами за себе – пријатна атмосфера, љубезен персонал и неверојатно вкусна балканска храна.

Приказната на Даниел Петровски е доказ дека сонот може да се оствари, дури и далеку од дома. Scala Coffee & Restaurant не е само успешен бизнис – тоа е амбасада на македонската култура во Германија, место каде што Македонија се чувствува, се вкусува и се живее.

Пред да започнете со читање на приказната сакаме да ве информираме дека ова приказна е преведена на 20 јазици и можете да ја споделите на јазикот на земјата во која престојувате! Само така ќе ја промовираме Македонија и позитивните приказни. Доколку сакате да ја прочитате приказната на друг јазик, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер

Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.

Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен

Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.

Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk

Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.