20.01.2026

Македонци ја освојуваат Малта со вкуснa храна: Од мал семеен бизнис до големи соништа

Македонци ја освојуваат Малта со вкуснa храна: Од мал семеен бизнис до големи соништа


Пред да продолжите да го читате овој текст, ве известуваме дека истиот е достапен на вкупно 20 јазици! Без разлика каде и да живеете, нам ќе ни значи доколку ја споделите приказната на јазикот на земјата во која престојувате. Со тоа ја промовираме Македонија и докажуваме дека има македонци кои вредат. Приказната на сите јазици е достапна со еден клик ОВДЕ.

Денеска ве водиме на Малта, каде има една добра приказна, вредна за дегустирање. Па доколку некогаш патот ве води на Малта, можете да посетите некој од рестораните на Mamma’s Sugar, а доколку не сте во можност да го посетите таму, тимот на Кајак.мк ве информира дека наскоро Mamma’s Sugar ќе добие свој ресторан во Македонија.

Приказната на Mamma’s Sugar започнува симболично – првиот продаден специјалитет на првиот гостин што некогаш влегол во локалот бил трилече со карамел. Токму тој момент го означува почетокот на една гастрономска приказна што постојано се развива и сè уште нема крај.


Создаден како мал семеен, занаетчиски проект инспириран од домашни рецепти, Mamma’s Sugar со текот на времето прераснува во препознатлив бренд во Малта. Денес функционира на три локации, а концептот е проширен и со Mamma’s Brunch & Burgers – локал кој нуди внимателно креирано слатко и солено мени, со бургери, бранч комбинации и интернационално инспирирани јадења.

Она што го прави брендот посебен е фактот што зад него стои македонско семејство кое преку својата работа активно ги промовира македонските вкусови ширум светот. Во понудата се препознаваат елементи од македонската кујна, автентични рецепти и специјалитети кои се прилагодени за интернационална публика, со што македонската гастрономија добива свое место надвор од границите на земјата.


Тимот на Kajak.mk ја препорачува Mamma’s како задолжителна гастро-дестинација за сите кои ќе ја посетат Малта, особено за оние што сакаат занаетчиски десерти, топла атмосфера и приказна на Ален Осман кој стои позади брендот.

Покрај квалитетот на храната, брендот е препознатлив и по својата инклузивност – тимот е составен од луѓе од повеќе култури, а значаен дел од вработените се лица со посебни потреби, што го позиционира бизнисот како модерен, одговорен и хуман.


Десертите, предводени од тортите и трилечето со карамел, се особено популарни кај туристите, додека локалната публика често се враќа поради богатите бранч и бургер менија. Заедничко за сите посетители е препознавањето на искрената посветеност, свежите состојки и занаетчискиот пристап.


Официјално, ексклузивно од домаќините, се најавува дека Mamma’s Brunch & Burgers наскоро ќе отвори свој ресторан во Скопје, што претставува значаен чекор за брендот и уште еден начин македонските вкусови да се вратат дома, збогатени со интернационално искуство.

Паралелно со ова, во 2026 година се планира и поширока европска експанзија, како и можности за франшиза, отворени за сите кои ја делат истата визија за квалитет, традиција и автентична храна.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.