17.03.2024

Изнајмете вила со приватен базен во Кучково преку Кајак.мк

Изнајмете вила со приватен базен во Кучково преку Кајак.мк

Уште едно ново сместување со базен за оние кои сакаат да имаат апсолутна приватност! Вилата е темелно нова и се наоѓа во Кучково, во Скопската околина. Замислете си место каде што може да ги заборавите секојдневните грижи и да уживате во совршената комбинација на луксуз и природа. Во Кучково, скриен меѓу брдата и зеленилото, ве чека оваа вила која нуди сè што ви е потребно за незаборавен престој. Вилата можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ.


Оваа прекрасна вила располага со две спални соби опремени со удобни брачни кревети, што е идеално за семејства или групи до 6 луѓе. Секој аспект на вилата е дизајниран со мисла за вашиот комфор и безбедност, вклучувајќи алармза обезбедување, ТВ и брз интернет за вашата работа или забава.


Кујната е целосно опремена, овозможувајќи ви да приготвувате оброци според вашите желби и приватен паркинг за вашата удобност. Сместувањето е опкружено со планини, нудејќи ви многу можност за активен одмор, вклјучувајќи велосипедски и пешачки патеки. Атракциите како Крстот Кучково и недопрената природа со чист воздух ќе го направат вашиот престој уште позначаен.


Освен што вилата нуди мир и приватност, локацијата е совршена за оние кои сакаат да истражуваат или едноставно да уживаат во спокојот на планинската област. Сместувањето исто така дозволува влез на домашни миленици, така што целото семејство може да ужива во одморот.

Повеќе информации, фотографии како и опција за он-лајн резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.