19.11.2025
Го напуштиме градот и се преселивме на село: Така започна приказната за „Шумска градина“
Го напуштиме градот и се преселивме на село: Така започна приказната за „Шумска градина“
Мисијата на Кајак.мк е да ги промовира сите локални херои кои одлучиле да останат во Македонија и да ги мотивираат младите. Денеска ќе ве запознаеме со приказната на Мартин и Анастасија, кои создаваат свој свет кој од денеска е дел од Кајак.мк
Запознајте ги Мартин и Анастасија, двајца земјоделци и партнери кои пред десет години го започнаа своето патување кон живот поблиску до природата. Заедно ја создадоа Шумска градина – домашно и сертифицирано органско производство на зеленчук кое денес им носи здрава храна на семејствата низ Македонија.

Во нашата база на инспиративни приказни за локални херои, Шумска градина се
приклучува како пример за љубов, труд и посветеност кон природата.
Во срцето на Македонија, Мартин и Анастасија одлучија да го напуштат градот и
да создадат живот кој ги зближува со природата. „Сакaвме да живееме поинаку, со
поинакви вредности. Првата пролет ја посветивме на одгледување органска храна
за себе, а потоа сфативме дека тоа можеме да го споделиме и со други луѓе“,
велат тие.
Секој ден во Шумска градина е исполнет со работа во градината – од садење, нега
и берење на зеленчук, до складирање, сортирање и дистрибуција. „Предизвиците
секогаш ги има, но со трпение и упорност, сите тешкотии се надминуваат“,
додаваат Мартин и Анастасија.
Тие веруваат дека нивната работа не е само производство на храна, туку и промоција на здрави вредности: минимализам, скромност, грижа за животната средина и семејството. Со својата посветеност, тие ја покажуваат разликата меѓу органската храна одгледана со љубов и механизираните, масовно произведени производи.

И покрај сите предизвици, Мартин и Анастасија ги сакаат резултатите на својата
работа – можноста да бидат заедно, да поминуваат време надвор и да гледаат
среќа и задоволство кај своите муштерии.
„Сакаме да го зголемиме производството и да стигнеме до повеќе семејства. Сон
ни е да има повеќе семејства во нашата околина кои се занимаваат со органско
земјоделство, заедно да се поддржуваме и создадеме мала заедница“, велат тие.

Приказната на Мартин и Анастасија е пример за љубов кон природата, посветеност
и рамноправност. Тие се локални херои кои ја прават Македонија посебна – со
труд, визија и заедничка работа. За кајак.мк, тие се инспирација и доказ дека традицијата може да биде
модерен начин на живот, а руралните средини – живи и динамични.
Наскоро нивната „Шумска градина“ ќе биде дел од Кајак.мк како автентично
искуство.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.