24.02.2026

Ги напуштивме Скопје и Нови Сад за село: Денес произведуваме мед што освојува награди

Ги напуштивме Скопје и Нови Сад за село: Денес произведуваме мед што освојува награди

Пред да започнете со читање на приказната, ве информираме дека приказната е достапна на 30 јазици! Без разлика каде и да живеете низ светот, ако сакате да направите нешто добро за Македонија, тогаш споделете ја приказната на јазикот на земјата во која престојувате. Само така ќе докажеме дека и во Македонија има убави и позитивни приказни. Сите преводи се достапни со еден клик ОВДЕ.

Тимот на Кајак.мк постојано трага по приказни за луѓе кои тивко, создаваат нешта од вистинско значење за Македонија. Ние таквите луѓе ги нарекуваме „Локални херои“.

Овој пат, патот нè однесе далеку од асфалтот и градската врева – во планинското село Грљани, во источна Македонија, каде што една млада двојка реши да направи чекор кој денес многу млади парови одлучуваат да го направат, а тоа е да излезат од машината на изградениот систем и да му се препуштат на вистинскиот начин на живеење.


Кајак.мк ве запознава со приказната на Николче и Ања. Николче е дипломиран електроинженер со искуство во дигитален маркетинг и живот во Скопје, а Ања е дипломиран графички дизајнер од Нови Сад, навикната на урбан ритам и живот во центарот на градот.

Николче вели дека по нивната свадба, донеле одлука што на многумина им звучи како ризик: да ги напуштат градовите и да започнат нов живот и бизнис во село.

„Кога се вративме да живееме во селото, сфативме дека имаме две опции – или да бараме работа на друго место, или да создадеме нешто свое. Сакавме живот со повеќе смисла и контрола врз времето што го живееме“, ни раскажува тој.


Грљани е типично планинско село, на околу 800 метри надморска височина, со мал број жители и речиси никаква индустрија. Токму таа изолираност, која за многумина би била недостаток, за нив станала предност. Чистата природа, недопрените пасишта и богатството од диви билки се основата врз која ја градат својата приказна, а тоа е приказната за медените производи кои го носат називот „Бабин“.

Пчеларството, всушност, не е ново поглавје за Николче. Тоа е семејна традиција, занает што го научил од мајка му, додека од татко му го наследил претприемачкиот начин на размислување. Ања, пак, направила најголемата промена – од живот во Нови Сад до секојдневие во планинско село во Македонија.

„Не беше лесно, нов јазик, нова средина, сосема поинаков живот. Но чувството дека градиш нешто свое, од почеток до крај, вреди повеќе од удобноста што ја нуди градот“, вели Ања.


Денес, „Бабин“ нуди планински мед и мед од диво цвеќе, како и низа пчелни производи – полен, прополис, перга, матична млеч и нивната специјална имуно-комбинација „Бабин Штит“. Покрај тоа, во понудата се и чаеви од сопствени насади и диво набрани лековити билки, собрани од еколошки чисти предели.

Квалитетот на нивниот мед не останал незабележан. Производите поседуваат органски сертификат, а на натпревар во Нови Сад освоиле две први места – за квалитет и за вкус.

„Наградите ни значат, но уште повеќе ни значи кога луѓето ќе се вратат и повторно ќе купат. Тоа ни е најдобрата потврда дека сме на вистинскиот пат“, додава Николче.


Од берба и грижа за пчелите, преку пакување, па сè до дизајн и комуникација – сè е во нивна организација, со поддршка од семејството кога е потребно. Без голем тим, без инвеститори, но со јасна визија.

Приказната на Николче и Ања не е романтизирана слика за „бегство од градот“. Таа е реален пример дека и во малите средини може да се создаде одржлив бизнис, ако постои знаење, трпение и желба да се работи чесно и посветено.


За нас во Кајак.мк, ваквите приказни се потсетник дека локалните херои не се секогаш гласни и видливи. Понекогаш тие се луѓе кои тивко работат во планинско село, создавајќи производи што ја претставуваат Македонија на најдобар можен начин – со квалитет, автентичност и почит кон природата.

Им посакуваме топло добредојде на Николче и Ања во светот на локалните херои кои го гради „Кајак.мк“. Ваквите инспиративни приказни значат туризам, за кој се надеваме дека ќе „процвета“ еден ден.

Фејсбук профилот на Бабин можете да го заследите со еден клик ОВДЕ или можете да ги најдете на инстаграм на @babin.mk_

Ве информираме дека приказната е достапна на 30 јазици! Без разлика каде и да живеете низ светот, ако сакате да направите нешто добро за Македонија, тогаш споделете ја приказната на јазикот на земјата во која престојувате. Само така ќе докажеме дека и во Македонија има убави и позитивни приказни. Сите преводи се достапни со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Suzana Mihajlovska Stojmanovska

    26.02.2026 16:02

    Браво,да сте здрави и живи ,секоја пофалба за одлуката,само напред

  • Петар Николовски

    25.02.2026 19:38

    Браво за двајцата млади! Докажавте, а допрва и ќе докажувате дека може да се опстане во рурална средина и чесно да се заработува од свој труд. Како награда за тоа, имате нешто што парите не можат да го купат чист воздух, мир и тишина, нешто што во градовите сѐ повеќе недостига. Само на овој начин можеме да опстанеме и да создадеме вистинска вредност. Во иднина, сѐ повеќе луѓе ќе учат од вашата приказна и ќе го следат вашиот пример. Вие сте доказ дека успехот може да се гради и дома, со работа, љубов и верба. Господ нека е со вас и нека ви дава сила и успех на овој пат!

  • Mirsad Kardovic

    25.02.2026 16:20

    Bukvalno VI ZAVIDUVAM,SAMO NAPRED I SO SREKA,za moja smisla za spokoen,sreken i zdrav i dolg zivot,VIE dvajca ste ne samo PRIMER,vie ste EDEN OD NAJPAMETNITE MLADI PAROVI VO SVETOT,SREKNOBI SRECNO.

  • Nikolcho stojkovski

    25.02.2026 11:45

    Bravo ludje bravo. Mojata prikazna e nesto slicno na vasata. Jas sum gradezen I ziner so 56 godini rabotno iskustvo vo jugoslavija I mk. No I 16 godini so framcuski I germanski firmi No se priblizi 80 desettata. Nesto morase dase smeni. Se vrativ vo s.ukovica kaj kak. Kamenica. Imam 8 pceli I tri folii za gradi arstvo. Povele te vo lukovica. Sakam da ve zapoznam.

Прочитајте повеќе

Во Македонија постои рурално сместување кое ќе ве врати во времето на „Македонски народни приказни“

Во Македонија постои рурално сместување кое ќе ве врати во времето на „Македонски народни приказни“.

Вапцување јајца на Велики Четврток – традиција и значење

Откријте ја традицијата на вапцување црвени јајца на Велики Четврток во Македонија – значење, обичаи и совети за здраво и еко-пријателско вапцување јајца.

Велигденско патување полно автентични вкусови и приказни

Доживејте уникатно Велигденско патување со автентични вкусови, локални традиции и незаборавни искуства кои оставаат трајни спомени.

Велигден во Македонија: традиции, автентични обичаи и празнични активности

Истражете како се слави Велигден во Македонија, традиционалните обичаи, локалните специјалитети и активности за незаборавен празничен викенд.

Пролетни пикник дестинации во Македонија – Скриени бисери за оваа сезона

Откријте ги најдобрите пролетни пикник дестинации во Македонија. Од Козјак планина, до езера, автентични села, уживајте во природата, свежиот воздух и традиционални специјалитети оваа пролет. Идеално за фамилии, пријатели и романтични моменти!

Франција – Дестинација која мора да се види во 2026 година

Не ја пропуштајте шансата да ја доживеете магијата на Франција оваа година! Франција е земја која плени со својата романтика, култура, историја и гастрономија. Во 2026 година, таа продолжува да го привлекува вниманието на туристите од целиот свет, нудејќи безброј искуства за сите типови патници – од љубителите на уметност и историја, до авантуристите и гурманите.